ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Шкендија со „четворка“ за Македонија ЃП, „пандевци“ и натаму без победа… (ФОТО)

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 21. КОЛО….

Скопје: ШКУПИ – РЕНОВА (2-3)

Сержињо 24′, 77′ – Кадриу 43′, 65′, Адеми 45′

Тетово: ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (4-1)

Имери 39′, 64′, Незири 60′, Зејнулаи 80′ – Јашаровски 58′(п)

Струмица: АК. ПАНДЕВ – БОРЕЦ (0-0)

ВЧЕРА

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 0-0

СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС 0-0

======================================================================================

  • КРАЈ НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 21. КОЛО ВО ПМФЛ!

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (4-1)

4-1 – 80′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Одлично нафрлање од левата страна на Ахмеди, а Зејнулаи на вториот дирек од непосредна близина погодува за 4-1

ШКУПИ – РЕНОВА (2-3)

2-3 – 77′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. Домашните со вториот гол на Сержињо ја намалуваат предноста на Ренова

ШКУПИ – РЕНОВА (1-3)

68′ – Шкупи игра и со двајца фудбалери помалку по исклучувањето и на Да Силва Нето

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (3-1)

3-1 – 64′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Омар Имери со својот втор гол носи предност и од 3-1 за Шкендија. Реализираше од непосредна близина откако Агим Ибраими го погоди дирекот

ШКУПИ – РЕНОВА (1-3)

1-3 – 65′ – ГОООООЛ ЗА РЕНОВА. Кадриу постигнува нов гол, за убедлива предност сега на „гипсарите“

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (2-1)

2-1 – 60′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. По корнерот од левата страна на Ибраими, топката доаѓа до Меџит Незири кој убаво со силен шут од 7-8 метри стрела под гредата од гостинскиот гол

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-1)

1-1 – 58′ – ГОООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Јашаровски го израмнува резултатот со удар од белата точка, откако претходно Јан Кривак играше со рака во својот шеснаесетник

ШКУПИ – РЕНОВА (1-2)

58′ – Дарко Глишиќ добива втор жолт картон кај Шкупи, па чаирчани остануваат со играч помалку

АК. ПАНДЕВ – БОРЕЦ (0-0)

56′ – Голема шанса за Академија Пандев. Кристијан Стојкоски од само неколку метри шутира, но брани гостинскиот голман

ШКУПИ – РЕНОВА (1-2)

50′ – Нова 100% шанса за Ренова. Илирид Адеми повторно пред голот на домашните, но голманот на Шкупи овојпат интервенира

  • ПОЧЕТОК НА ВТОРОТО ПОЛУВРЕМЕ НА ПОСЛЕДНИТЕ ТРИ НАТПРЕВАРИ ОД 21. КОЛО…
  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

ШКУПИ – РЕНОВА (1-2)

1-2 – 45′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Илирид Адеми шутира од 17 метри ниско по земја, за пресврт водство на „гипсарите“

ШКУПИ – РЕНОВА (1-1)

1-1 – 43′ – ГОООООЛ ЗА РЕНОВА. Прекрасен евро-гол на Кадриу кој со шут од 25 метри го совлада противничкиот голман

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-0)

1-0 – 39′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Мици по левата страна го проигра Омар Имери пред голот на Македонија ЃП, кој од десетина метри откосо стрела во мрежата на гостите

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-0)

30′ – Одличен шут на Агим Ибраими со полуволеј од 18 метри, но Марко Јовановски не дозволува водство на домашните

ШКУПИ – РЕНОВА (1-0)

1-0 – 24′ – ГООООООЛ ЗА ШКУПИ. Убава акција на домашните, Дембоа го проигрува Бразилецот Сержињо кој на 7-8 метри од голот на гостите шутира ниско по земја за водство од 1-0

АК. ПАНДЕВ – БОРЕЦ (0-0)

17′ – Прелчец со глава се обидува од одлична позиција, по нафрлањето од левата страна, но над голот на домашните

АК. ПАНДЕВ – БОРЕЦ (0-0)

15′ – Прва посериозна шанса за Академија Пандев. Дориев во продор, шутира ниско по земја од левата страна од околу 15 метри, но брани голманот на Борец

  • Без посериозни возбудувања во првите десет минути на трите натпревари

ШКУПИ – РЕНОВА (0-0)

7′ – Прв обид на домашните. Демир шутира од 20 метри, но брани гостинскиот голман

ПОЧЕТОК НА ПОСЛЕДНИТЕ ТРИ НАТПРЕВАРИ ОД 21. КОЛО ВО ПМФЛ…

  • Познати се составите за пресметката меѓу Шкендија и Македонија ЃП…

======================================================================================

Во 21. коло од Првата македонска фудбалска лига, по вчерашното реми без голови меѓу Вардар и Работнички, денеска Шкендија во обид за триумф против Македонија ЃП и повторно бодовно доближување до лидерот.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...