ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Шкендија убедлива против Ренова, Шкупи го изненади Работнички… (ФОТО)

Турново: АК. ПАНДЕВ – ВАРДАР (0-0)

Тетово: РЕНОВА – ШКЕНДИЈА (0-3)

Нафиу 23′, Бојку 67′, Имери 89′

Скопје: РАБОТНИЧКИ ШКУПИ (0-2)

Билали 26′, Велиу 82′

Кратово: СИЛЕКС – БЕЛАСИЦА (1-0)

Мбела 29′

Кичево: ПОБЕДА – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-2)

Кировски 2′, Да Силва 28′

======================================================================================

  • Крај на натпреварите од последното есенско коло во Првата македонска фудбалска лига!
  • Крај и на дуелот во Турново. Реми без голови меѓу Академија Пандев и Вардар
  • Крај на натпреварот во Тетово. Убедлив триумф на Шкендија

РЕНОВА – ШКЕНДИЈА (0-3)

0-3 – 89′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Убава акција на Шкендија, топката на 15 метри доаѓа до Омар Имери кој прецизно ниско по земја стрела во десниот агол од голот на Ренова

РАБОТНИЧКИ ШКУПИ (0-2)

0-2 – 82’ – ГОООООЛ за Шкупи. Нововлезениот Велиу прифати топка во шеснаесетникот и во првиот контакт успеа да го совлада Божиновски

РАБОТНИЧКИ ШКУПИ (0-1)

76’ – Сержињо шутира, но Божиновски успеа да исфрли во корнер

РЕНОВА – ШКЕНДИЈА (0-2)

0-2 – 67′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Бесмир Бојку носи водство од 0-2 за Шкендија. Се навестува триумф на „црвено-црните“ во тетовската пресметка

РАБОТНИЧКИ ШКУПИ (0-1)

55′ – Петар Петковски шутира од 20 метри, но брани Алексовски

АК. ПАНДЕВ – ВАРДАР (0-0)

53′ – Михаил Маневски во добра позиција, шутира од прва од 15 метри но неговиот удар блокиран од Најдовски

  • Почеток на второто полувреме…

КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ НА ДУЕЛИТЕ ОД ПОСЛЕДНОТО ЕСЕНСКО КОЛО…

РАБОТНИЧКИ ШКУПИ (0-1)

44’ – Ангелов шутира откосо од левата страна, но крај дирекот

РАБОТНИЧКИ ШКУПИ (0-1)

40’ – Херера шутира од слободен удар, за малку крај голот на Шкупи

СИЛЕКС – БЕЛАСИЦА (1-0)

1-0 – 29′ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. Емануел Мбела ги носи кратовци до водство против Беласица

АК. ПАНДЕВ – ВАРДАР (0-0)

29′ – Убава шанса за Вардар, Јуфо се најде очи во очи со домашниот голман но лошо реагираше во клучниот момент и пропадна идеалната можност

ПОБЕДА – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-2)

0-2 – 28′ – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Робсон Да Силва ја дуплира предноста за „лавовите“ против Победа

РАБОТНИЧКИ ШКУПИ (0-1)

0-1 – 26′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. Амир Билали го носи Шкупи до предност на „Филип Втори“. По корнерот од левата страна, Билали со волеј удар од 12 метри ја затресе мрежата на Работнички

РЕНОВА – ШКЕНДИЈА (0-1)

0-1 – 23′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Прекрасна соло акција на Валмир Нафиу, кој одлично шутира од 15 метри под гредата од голот на Ренова

АК. ПАНДЕВ – ВАРДАР (0-0)

!!!! – 14′ – Повреда на Сашко Пандев, кој мора да го напушти натпреварот. Се очекува нов фудбалер во редовите на Академија Пандев на негово место.

АК. ПАНДЕВ – ВАРДАР (0-0)

10′ – Мирен почеток на дуелот во Турново, без посериозни шанси и на двете страни

РЕНОВА – ШКЕНДИЈА (0-0)

8′ – Добар шут на Рамадани кон голот на Шкендија од околу 20 метри, но сигурна интервенција на Захов

ПОБЕДА – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-1)

0-1 – 2′ – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Христијан Кировски по само две минути игра ги носи „лавовите“ до предност против Победа

РАБОТНИЧКИ ШКУПИ (0-0)

2′ – Даниел Божиновски со старт надвор од шеснаесетникот го фаулираше Ангелов и заработи жолт картон

  • ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 18. КОЛО ВО ПМФЛ…

По триумфот во претходното коло против Шкендија во Тетово, сега од Академија Пандев посакуваат со победа и против Вардар да го завршат есенскиот дел од шампионатот.

  • Познати составите за дуелот меѓу Академија Пандев и Вардар во Турново

======================================================================================

Во 18. коло од новата сезона 2018/2019 во македонската Прва лига… Последно коло од есента во кое Вардар гостува на Академија Пандев во Турново, а Шкендија ја очекува тетовско дерби против Ренова.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...