ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: „Петарда“ од Шкендија за „лавовите“, Вардар без муниција, „пандевци“ пресилни за Беласица!

РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО… ПРВА ЛИГА, 11. КОЛО

Скопје: ВАРДАР – РЕНОВА (0-0)

Турново: АК. ПАНДЕВ – БЕЛАСИЦА (3-0)

Дориев 2′, Крстовски 28′, Миловановиќ 75′

Кратово: СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ (2-0)

Парфаит 40′, Георгиев 82′

Битола: ПОБЕДА – ШКУПИ (2-0)

Кириан Набуезе 38′, Танушев 68′

Standings provided by Sofascore LiveScore

======================================================================================

  • Крај и на натпреварот во Тетово. Убедлива победа на Шкендија!

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (5-1)

5-1 – 90’+2 – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. По корнерот од левата страна, Валир Нафиу најдобро се снаоѓа за 5-1!

  • Крај и на дуелите во Турново и во Битола. Победи на Академија Пандев и Победа!
  • Крај и на дуелот во Маџари. Вардар и Ренова одиграа без голови!
  • Крај на натпреварот во Кратово. Победа на Силекс против Работнички од 2-0!

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (4-1)

4-1 – 86′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Валмир Нафиу носи убедливи 4-1 за домашните

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ (2-0)

2-0 – 82′ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. По центаршутот од левата страна, Георгиев со одличен удар со петица го совлада Божиновски

АК. ПАНДЕВ – БЕЛАСИЦА (3-0)

3-0 – 75′ – ГОООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Одличен контранапад на „пандевци“, Миловановиќ од 20 метри со прекрасен лоб удар носи водство од 3-0

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (3-1)

3-1 – 72′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Евро-гол на Ибраими кој прецизно стрела со шут од 25 метри

ВАРДАР – РЕНОВА (0-0)

73′ – Одлична шанса за Вардар, но Матеј Цветановски лошо регира пред голот на Ренова

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (2-1)

2-1 – 69′ – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. По корнерот од левата страна, Кировски одлично се снаоѓа пред голот на домашните и сместува во мрежата за 2-1

ПОБЕДА – ШКУПИ (2-0)

2-0 – 68′ – ГООООЛ ЗА ПОБЕДА. Прилепчани ја дуплираат предноста, Танушев стрела за 2-0 против Шкупи

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (2-0)

60′ – Одлична шанса за Македонија ЃП. Филип Стојчевски шутира извонредно од 20 метри, а Захов со крајни напори ја зафаќа топката која завршува во гредата од голот на домашните

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (2-0)

!!! – 53′ – Втор жолт картон и исклучување за Кристијан Филиповски кај Македонија ЃП

ВАРДАР – РЕНОВА (0-0)

51′ – Одлична шанса за Ренова. Емран Рамадани се најде сам во контра напад, избега на домашната одбрана изби очи во очи со голманот на Вардар но неговиот шут од 12 метри Гачевски одлично го одбрани

  • ПОЧЕТОК НА ВТОРОТО ПОЛУВРЕМЕ НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 11. КОЛО ВО ПМФЛ…

КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (2-0)

2-0 – 45′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Брзо и втор гол за домашните. Алими нафрли од левата страна, а Бесарт Ибраими непречен од никого на 5-6 метри со глава стрела за 2-0

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ (1-0)

44’ – Дурански од слободен удар ја погоди гредата од голот на Работнички

ВАРДАР – РЕНОВА (0-0)

38′ – Најдобрата шанса за Вардар… Бразилецот Лира се најде во убава позиција, но нема гол

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-0)

1-0 – 42′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. По нафрлувањето од слободен удар од левата страна, лоша офсајд замка на гостите и Висар Муслиу со глава од 7-8 метри стрела под гредата од голот на Македонија ЃП

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ (1-0)

!!! – По фаулот над Мбела, Димитровски заработи втор жолт картон и исклучување во таборот на Работнички

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ (1-0)

1-0 – 40′ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. По корнерот од левата страна, топката беше одбиена до работ на шеснаесетникот, натрча Парфаит и со силен удар ја смести во мрежата на Работнички.

ПОБЕДА – ШКУПИ (1-0)

1-0 – 38′ – ГООООЛ ЗА ПОБЕДА. Со погодокот на Кириан Набуезе прилепчани водат со Шкупи

АК. ПАНДЕВ – БЕЛАСИЦА (2-0)

2-0 – 28′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Младинскиот репрезентативец Марио Крстевски ги носи домашните до водство и од 2-0. Одлична топка доби Крстовски од Дориев, изби сам пред гостинскиот голман и ја затресе мрежата!

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ (0-0)

18’ – Стефан Коцев шутира од 25 метри, Божиновски на вистинското место

ВАРДАР – РЕНОВА (0-0)

17′ – Без поголеми возбудувања на дуелот во Маџари, без посериозни шанси на двете страни

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ (0-0)

10’ – Петковски шутира од слободен удар од 25 метри, Спасојевиќ успеа да одбрани.

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ (0-0)

6’ – Мбела шутира од 18 метри, Божиновски одбрани

АК. ПАНДЕВ – БЕЛАСИЦА (1-0)

1-0 – 2′ – ГОООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Одлична акција на домашните и Љупчо Дориев го носи „пандевци“ во водство!

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 11. КОЛО ВО ПМФЛ…

  • Познати составите за пресметката меѓу Вардар и Ренова….

======================================================================================

Во 11. коло од новата сезона 2018/2019 во македонската Прва лига, лидерот Вардар во Скопје ја пречекува Ренова. Шкендија во Тетово ќе биде домаќин на Македонија ЃП, а интересна пресметка и меѓу струмичките прволигаши Академија Пандев и Беласица во Турново.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...