ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Шкендија во последните секунди извлече триумф во Кратово, Шкупи конечно победи!

РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО… ПРВА ЛИГА, 6.КОЛО

Тетово: РЕНОВА – БЕЛАСИЦА (0-2)

Серафимовски 70′, Ивановски 86′

Кратово: СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА (1-2)

Грозданоски 83′ – Бојку 16′, Ибраими 90+2′

Битола: ПОБЕДА – АК. ПАНДЕВ (2-4)

Ефремов 42′, Мустафов 51′ – Миловановиќ 8′, 54′, Шиков 39′, Дориев 77′(п)

Скопје: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (2-1)

Мухарем Сухељ 10′, Илијоски 61′(п) – Кировски 54′

ВЧЕРА

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 0-2

Standings provided by Sofascore LiveScore

======================================================================================

КРАЈ И НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ ОД 6. КОЛО ВО ПМФЛ! Победи на Шкупи, Беласица и Академија Пандев!

КРАЈ НА НАТПРЕВАРОТ ВО КРАТОВО. ПОБЕДА НА ШКЕНДИЈА СО ГОЛ НА ИБРАИМИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ СЕКУНДИ!

СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА (1-2)

1-2 – 90+2′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Бесарт Ибраими зафаќа топка од 16 метри откосо и со прекрасен лоб удар носи повторно водство за тетовци

ПОБЕДА – АК. ПАНДЕВ (2-4)

82′ – Прилепчани редат шанси. Набуезе одлично со глава, но гредата сега спречува гол за Победа

РЕНОВА – БЕЛАСИЦА (0-2)

0-2 – 86′ – ГООООЛ ЗА БЕЛАСИЦА. Филип Ивановски ја дуплира предноста за Беласица во Тетово

ПОБЕДА – АК. ПАНДЕВ (2-4)

2-4 – 77′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Љупчо Дориев погоди од пенал за 2-4. Над истиот фудбалер беше направен и прекршок во шеснаесетникот на Победа

СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА (1-1)

1-1 – 82’ ГООООООЛ за Силекс. Христијан Грозданоски успеа да израмни во Кратово. По корнерот од левата страна, тој зафати волеј удар од пеналтикот и ја закова топката зад грбот на Захов

ПОБЕДА – АК. ПАНДЕВ (2-3)

70′ – Одлична шанса за Победа, но по шутот на Мустафов од левата страна дирекот го спасува голот на Академија Пандев

СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА (0-1)

!!! – 75′ – Црвен картон за Селмани кај Шкендија поради удирање на противнички фудбалер без топка

РЕНОВА – БЕЛАСИЦА (0-1)

0-1 – 70′ – ГООООЛ ЗА БЕЛАСИЦА. Струмичани преку погодокот на Серафимовски доаѓаат до водство на гостувањето во Тетово

ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (2-1)

2-1 – 61′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Чаирчани повторно до предност со голот на Баже Илијоски од пенал

ПОБЕДА – АК. ПАНДЕВ (2-3)

2-3 – 54′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Нафрлување од десната страна, а Миловановиќ пред голот на Победа од 5-6 метри ниско по земја погодува за ново водство

СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА (0-1)

65’ – Шкендија задоволна од минималното водство, а Силекс без конкретна шанса да стигне до израмнување во Кратово

ПОБЕДА – АК. ПАНДЕВ (2-2)

2-2 – 51′ – ГООООЛ ЗА ПОБЕДА. Бурхан Мустафов носи израмнување за прилепчани во Битола

ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-1)

1-1 – 54′ – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Одличен шут на Христијан Кировски од 25 метри, успева да го изненади Алексовски на голот на Шкупи

ПОЧЕТОК НА ВТОРИОТ ДЕЛ НА МЕЧЕВИТЕ ОД 6. КОЛО ВО ПМФЛ…

Крај на првото полувреме и во Битола….

ПОБЕДА – АК. ПАНДЕВ (1-2)

45′ – Зицер за Победа. Макота во контра се најде сам пред голот на Академија Пандев, но Чубраковиќ одбрани

ПОБЕДА – АК. ПАНДЕВ (1-2)

1-2 – 42′ – ГООООЛ ЗА ПОБЕДА. Одличен шут на Ефремов од 16 метри и намалување на предноста на гостите

КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ ВО ТЕТОВО, КРАТОВО И СКОПЈЕ….

ПОБЕДА – АК. ПАНДЕВ (0-2)

0-2 – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. По корнерот од левата страна на Атанасковски, висок скок на Ванче Шиков пред голот на Победа и во првиот настап за „пандевци“ со деби погодок!

ПОБЕДА – АК. ПАНДЕВ (0-1)

20′ – Одлична шанса за израмнување на Победа, но Ванче Шиков пред голот на гостите спасува погодок

СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА (0-1)

25′ – 100% шанса за Шкендија. Жуниор во идеална позиција осамен на 15 метри но шутира само покрај левиот дирек од голот на Силекс

СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА (0-1)

0-1 – 16′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Бесмир Бојку излезе сам пред голот на Силекс и со прецизен удар ја погоди мрежата на домашните

ПОБЕДА – АК. ПАНДЕВ (0-1)

0-1 – 8′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Одличен продор на Крстовски, нафрла од десно а Миловановиќ откако се ослободува од своите чувари од десеттина метри ниско по земја стрела за водство на гостите

ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-0)

1-0 – 10′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. Виктор Ангелов одлично шутира од слободен удар од 30 метри, Јовановски слабо интервенира ја одбива топката на која натрчува Мухарем Сухељ и од 7-8 метри стрела во мрежата

ПОБЕДА – АК. ПАНДЕВ (0-0)

4′ – 100% шанса за Победа. Спиркоски продре по десната страна, одлично пред голот на гостите го проигра Набуезе но неговиот шут од 5 метри го брани гостинскиот голман

ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-0)

5′ – Убава шанса за Шкупи, но имаа среќа гостите по обидот на Виктор Ангелов

СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА (0-0)

5′ – Силекс го диктира ритамот на почетокот со поофанзивна определба, но без посериозни шанси

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 6. КОЛО ВО ПМФЛ….

  • Познати составите за дуелот во Кратово меѓу Силекс и Шкендија…

  • Познати и почетните тимови за пресметката во Битола меѓу Победа и Академија Пандев…

======================================================================================

Шестто коло од новата сезона 2018/2019 во македонската Прва лига. Најинтересно во Кратово каде Силекс е домаќин на Шкендија. Академија Пандев по нови бодови во Битола на дуелот против Победа.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...