ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Шкендија загуби по цели 22 натпревари… и тоа од Победа! (ФОТО)

ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО…. 30. КОЛО

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ (1-1)

Ангелов 14′ – Јашароски 52′

Струмица: ПОБЕДА – ШКЕНДИЈА (2-1)

Даноски 40′, Најдовски 81′(п) – Ибраими 44′

Тетово: РЕНОВА – АК. ПАНДЕВ (2-1)

Мишковски 69′, Нафиу 75′ – Миловановиќ 85′

Кратово: СИЛЕКС – ВАРДАР (0-2)

Попов 15′, Исени 21′

Скопје: СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР (4-0)

Алексовски 2′(п), Досех 27′, Оусеини 42′, Тодоровски 69′(аг)

Standings provided by Sofascore LiveScore

======================================================================================

КРАЈ НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 31. КОЛО ВО ПМФЛ….

Победа ја победи Шкендија со 2-1 во Струмица Последен пораз на Шкендија беше исто така во Струмица на 25. октомври минатата година од Академија Пандев со 3-2!

Вардар конечно победи и под водство на Бобан Бабунски. Триумф од 0-2 во Кратово против Силекс!

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ (1-1)

82’ – Чарлс Гофри шутира од 20 метри, Зендели исфрли во корнер

РЕНОВА – АК. ПАНДЕВ (2-1)

2-1 – 85′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Даниел Миловановиќ ја намалу предноста на домашните

ПОБЕДА – ШКЕНДИЈА (2-1)

2-1 – 81′ – ГОООООЛ ЗА ПОБЕДА. Пенал за прилепчани кој успешно го реализира Филип Најдовски

РЕНОВА – АК. ПАНДЕВ (2-0)

2-0 – 74′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Валмир Нафиу ја зголемува предноста на Ренова

СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР (4-0)

4-0 – 69′ – ГООООЛ ЗА СКОПЈЕ. По нафрлањето од десната страна, капитенот на Пелистер, Гоце Тодоровски неспретно ја зафаќа топката и ја сместува во сопствената мрежа

РЕНОВА – АК. ПАНДЕВ (1-0)

1-0 – 69′ – ГОООООЛ ЗА РЕНОВА. „Гипсарите“ поведуваат со погодокот на Ненад Мишковски против Академија Пандев

СИЛЕКС – ВАРДАР (0-2)

!!! – 60′ – Црвен картон за Горан Попов. Груб старт на вардаровиот дефанзивец, втор жолт картон и исклучување!

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ (1-1)

1-1 – 52′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Ален Јашароски се најде на вистинското место по одбиената топка од Трајчевски и од десетина метри ја погоди мрежата.

  • ПОЧЕТОК НА ВТОРОТО ПОЛУВРЕМЕ….

Крај на првото полувреме на сите натпревари од 31. коло во ПМФЛ

ПОБЕДА – ШКЕНДИЈА (1-1)

1-1 – 44′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Кој друг ако не Бесарт Ибраими, брзо носи израмнување на дуелот во Струмица

СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР (3-0)

3-0 – 42′ – ГООООЛ ЗА СКОПЈЕ. Погодок на Оусени за зголемена предност

ПОБЕДА – ШКЕНДИЈА (1-0)

1-0 – 40′ – ГООООЛ ЗА ПОБЕДА. По корнерот од левата страна, Даноски осамен пред голот на Шкендија непречен од никого со глава стрела за водство на прилепчани

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ (1-0)

29’ – Петковски шутира од 20 метри, над голот на Шкупи

СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР (2-0)

2-0 – 27′ – ГОООООЛ ЗА СКОПЈЕ. Бопесу нафрли од корнер од десната страна, а Кофи Досех одлично со глава од неколку метри сместува под гредата од голот на Пелистер

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ (1-0)

18’ – Одлична шанса за Работнички. Серџо јуниор го погоди дирекот од голот на Шкупи.

СИЛЕКС – ВАРДАР (0-2)

0-2 – 21’ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. Брдаровски нафрли од десната страна, а Исени со полуволеј со левата нога ја затресе мрежата на Силекс.

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ (1-0)

1-0 – 14’ – ГОООООЛ за Работнички. Голема грешка на одбраната на Шкупи, топката дојде до Ангелов, кој излезе сам пред Зендели и го совлада.

СИЛЕКС – ВАРДАР (0-1)

0-1 – 15’ – ГООООООЛ за ВардарГоран Попов. По корнерот од левата страна, Попов со удар со глава носи водство за Вардар.

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ (0-0)

8’ – Рон Броја шутира од 25 метри, крај голот на Работнички

СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР (1-0)

1-0 – 2′ – ГОООООЛ ЗА СКОПЈЕ. Бенјамин Демир соборен во гостинскиот шеснаесетник, па Јакимовски суди пенал. Ударот од белата точка успешно го изведува Ѓоко Алексовски

  • ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 31. КОЛО ВО ПМФЛ…

Навивачката група „Шверцери“ денеска со поддршка за Шкупи на националната арена „Филип Втори“….

  • Денешните погледи насочени кон дуелот во Автокоманда каде Скопје го пречекува Пелистер во директната битка за опстанок…

  • Интересно и на „Филип Втори“, каде Работнички во битката за излез во Европа го пречекува Шкупи…

======================================================================================

Стартуваат натпреварите од 31. коло во 2017/18 сезона во Првата фудбалска лига на Македонија. Откако веќе е извесна битката за титулата, сега главните погледи се насочени кон битката за третото место на табелата и битката за опстанок.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...