ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Срамен пораз на Вардар од Ренова, „лавовите“ извлекоа реми со Шкендија… (ФОТО)

Скопје: РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (1-1)

Блажевски 71′(п) – Георгиев 13′

Тетово: РЕНОВА – ВАРДАР (4-0)

Рамадани 9′, 48′, Мбела 13′, Стојановски 74′

Скопје: ШКУПИ – ПОБЕДА (3-0)

Бајрами 38′, Ангелов 50′, Серџо Жуниор 75′

Струмица: БЕЛАСИЦА – АК. ПАНДЕВ (0-1)

Дориев 19′

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА (1-1)

Да Силва 58′ – Имери 5′

======================================================================================

  • КРАЈ НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 20. КОЛО ВО ПМФЛ!
  • Крај на натпреварите на „Филип Втори“ и во Чаир. Реми на Работнички со Силекс, победа на Шкупи против Победа од 3-0

РЕНОВА – ВАРДАР (4-0)

4-0 – 74′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. По корнерот од левата страна, Влатко Стојановски највисок во скокот со глава ефектно погодува и за 4-0 за Ренова

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (1-1)

!!! – 80′ – Црвен картон за Дилгеров кај Работнички. Доби втор жолт картон и исклучување

ШКУПИ – ПОБЕДА (3-0)

3-0 – 75′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. Серџо Жуниор носи водство и од 3-0 за домашните

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (1-1)

1-1 – 71’ – ГООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Пенал за Работнички, по прекршокот над Баже Илијоски… Дејан Блажевски од пенал го израмнува резултатот

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА (1-1)

1-1 – 58′ – ГОООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Робсон Да Силва со супер гол директно од слободен удар од 22 метри израмнува за „лавовите“

РЕНОВА – ВАРДАР (3-0)

3-0 – 48′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Нова брза акција на домашните, нафрлување од левата страна а Рамадани убаво шутира од десетина метри за убедливо водство на „гипсарите“

ШКУПИ – ПОБЕДА (2-0)

2-0 – 50′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Виктор Ангелов прецизно погодува за водство од 2-0 на домашните

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (0-1)

51’ – Блажевски шутира откосо од левата страна, го погоди дирекот од голот на Силекс

Почеток на вторите 45 минути од пресметките во 20. коло од ПМФЛ….

  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (0-1)

44’ – Вијачки шутира со глава над голот, по слободниот удар на Петар Петковски

РЕНОВА – ВАРДАР (2-0)

40′ – Убава шанса за Вардар по нафрлањето на Фелипе од левата страна, но Ѓуриќ брани на самата гол линија

ШКУПИ – ПОБЕДА (1-0)

1-0 – 38′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Муарем Бајрами ги носи чаирчани до предност против Победа

РЕНОВА – ВАРДАР (2-0)

28′ – Нова 100% шанса за Ренова. Повторно Рамадани во обид, но гостите сега спасуваа на самата гол линија

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (0-1)

25’ – Дејан Блажевски одлично шутираше, но за малку крај голот на Силекс

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (0-1)

21’ – Шанса за Додев, но во последен момент блокираше одбраната на Работнички

БЕЛАСИЦА – АК. ПАНДЕВ (0-1)

0-1 – 19′ – ГОООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Одлична длабочинска топка кон Дориев, домашниот голман греши, Дориев сам на 15 метри лесно стрела за водство на „пандевци“

РЕНОВА – ВАРДАР (2-0)

2-0 – 13′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Брз контранапад на домашните, Мбела избива сам пред голот на Вардар и мајсторски го совладува Гачевски

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (0-1)

0-1 – 13’ – ГОООООЛ за Силекс. Бобан Георгиев ја искористи грешката на голманот на Работнички Ристо Јанков. Тој сакаше да дегажира, топката ја блокираше Додев, дојде до Георгиев, кој ја погоди мрежата на домаќинот

РЕНОВА – ВАРДАР (1-0)

1-0 – 9′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Мбела нафрли од левата страна, топката се одби од гредата изненадувајќи го Гачевски а на неа налета Рамадани кој од неколку метри прецизно стрела за 1-0

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА (0-1)

0-1 – 5′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Омар Имери е во гол серија. По погодокот против Вардар погодува и во Ѓорче Петров за водство на тетовци.

РЕНОВА – ВАРДАР (0-0)

1′ – Замена уште во 3. секунда во редовите на Ренова. „Гипсарите“ почитувајќи го правилото за настап на младинец почнаа на голот со Ариан Исени, а веднаш само што почна натпреварот во игра влезе првиот голман, Србинот Урош Ѓуриќ

  • ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 20. КОЛО ВО ПМФЛ…

Шкендија посакува продолжување на низата победа од пресметките против Македонија ЃП…

  • Познати составите за пресметката меѓу Ренова и Вардар. Гостите од Скопје и со Даниел Аврамовски во првиот тим…

  • Познати составите и за дуелот во Ѓорче Петров меѓу Македонија ЃП и Шкендија…

  • Работнички против Силекс во обид за прва победа пролетва…

======================================================================================

Во 20. коло од новата сезона 2018/2019 во македонската Прва лига, лидерот Шкендија гостува на Македонија ЃП во Ѓорче Петров, додека Вардар повторно ќе игра во Тетово, овој пат против Ренова. Интересна градска пресметка во Струмица каде се соочуваат Беласица и Академија Пандев.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...