ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Вардар без пари си „гази“…, Шкендија киксираше и со Ренова (ФОТО)

РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО… ПРВА ЛИГА, 9. КОЛО

Скопје: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (1-1)

Херера 9′(аг) – П. Петковски 63′

Струмица: БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС (1-1)

Балдовалиев 86′(п) – Георгиев 62′

Скопје: ВАРДАР – АК. ПАНДЕВ (3-0)

Мицевски 30′(п), Брдаровски 73′, 84′

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ПОБЕДА (1-0)

Божиновски 36′

Тетово: ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (2-2)

Ибраими 23′, Бејтулаи 79′ – Стојановски 53′(п), 55′

Standings provided by Sofascore LiveScore

======================================================================================

КРАЈ НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 9. КОЛО ВО ПМФЛ…. ПРОДОЛЖУВА ПОБЕДНИЧКИОТ ОД НА „ВАРДАРЦИ“!

КРАЈ И НА ЧАИР. И Шкупи и Работнички без победник!

КРАЈ НА МЕЧОТ ВО ТЕТОВО. Реми на Шкендија и Ренова!

БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС (1-1)

1-1 – 86′ – ГООООЛ ЗА БЕЛАСИЦА. Зоран Балдовалиев од пенал носи израмнување за домашните

ВАРДАР – АК. ПАНДЕВ (3-0)

3-0 – 84′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. Идентична акција на „вардарци“, повторно во празно исфрлен Брдаровски кој мајсторски погодува за 3-1

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (2-2)

2-2 – 79′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Проектил на Бејтулаи од 30 метри, стрела под гредата од голот на Ренова

ВАРДАР – АК. ПАНДЕВ (2-0)

2-0 – 73′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. Одлична акција на домашните, брз контранапад и Брдаровски избива сам пред голот на Академија Пандев стрелајќи ниско по земја

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (1-1)

67′ – Добра шанса за Шкупи. Серџо шутира од убава позиција, но брани Ристе Јанков

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (1-1)

1-1 – 63′ – ГООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Петар Петковски го израмнува резултатот по проигрувањето од Херера

БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС (0-1)

0-1 – 62′ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. Бобан Георгиев носи водство за Силекс на гостувањето во Струмица

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (1-2)

1-2 – 65′ – 100% шанса за Шкендија. По корнерот од левата страна, Емини со глава на пет метри осамен но топката завршува сантиметри покрај левиот дирек

ВАРДАР – АК. ПАНДЕВ (1-0)

59′ – Стоилов шутира од слободен удар од околу 20 метри кон голот на Вардар, но сигурен Гачевски

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (1-2)

1-2 – 55′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Како шок за Шкендија. Брз контранапад, Стојановски сам избива пред голот на домашните и стрела за водство на Ренова

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (1-1)

1-1 – 53′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Влатко Стојановски прецизно стрела од пенал за израмнување на резултатот во Тетово

  • Почеток на второто полувреме

КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ….

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (1-0)

45’ – Недељковиќ од десната страна го проигра Тодоровски, тој шутираше, но за малку крај голот на Шкупи.

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (1-0)

38’ – Шанса за Гофри, но Алексовски излезе го скрати аголот и успеа да одбрани

МАКЕДОНИЈА ЃП – ПОБЕДА (1-0)

1-0 – 36′ – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Прекрасен гол на Боби Божиновски, мајсторија директно од слободен удар од околу 18 метри. Стрела под гредата од голот на Победа!

ВАРДАР – АК. ПАНДЕВ (1-0)

34′ – Убав обид на Лира од 16 метри откосо, но покрај голот на гостите

ВАРДАР – АК. ПАНДЕВ (1-0)

1-0 – 30′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. Тошевски соборен од Атанасковски во шеснаесетникот на гостите. Прецизен реализатор на ударот од белата точка е Дарко Мицевски

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (1-0)

24’ – Армел Дакур е заменет поради повреда, а на негово место влезе Кристијан Стојковски

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (1-0)

1-0 – 23′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Центаршут од левата страна, топката доаѓа до Ибраими кој од 6 метри лесно погодува во мрежата на Ренова

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (1-0)

1-0 – 9’ – ГОООООЛ за Шкупи. Автогол на Себастијан Херера. Во обид да ја исфрли топката над голот, тој го лобуваше Јанков и си постигна автогол.

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (0-0)

7′ – Убава можност за Шкупи, Мухарем се најде на 7-8 метри пред голот на Работнички но Димитровски блокира

  • 5′ – Мирен почеток по првите пет минути на сите пет натпревари од деветтото коло во шампионатот…

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 9. КОЛО ВО ПМФЛ…

  • Познати се состави за дерби пресметката во Маџари меѓу Вардар и Академија Пандев…. Во тимот на Вардар ќе го нема најдобриот напаѓач Тигран Барсегјан кој не настапи и претходно на Куп средбата против Македонија ЃП. Иако неофицијално, Барсегјан поради финансиските проблеми во клубот веќе подолг период е незадоволен од состојбите во клубот… Претходно, како што е познато, беше и во судир со тренерот Александар Васоски.

======================================================================================

Деветто коло од новата сезона 2018/2019 во македонската Прва лига. Дербито се игра во Скопје каде Академија Пандев гостува на Вардар, Шкендија пак во Тетово на мегдан со Ренова.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...