ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Вардар и Шкендија без проблеми, Пелистер потклекна и во Тетово (ФОТО)

РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО….  ПРВА ЛИГА – 23. КОЛО
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР (0-5)
– Попов 16′, Хамбарџумјан 24′, Барсегјан 53′, Блажевски 58′, Спировски 89′
Тетово: РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР (2-1)
Гафури 27′, Велинов 88′ – Лукас 54′
Прилеп: ПОБЕДА – ШКУПИ (1-1)
Зендели 63′(аг) – Лазаревски 31′
Скопје: РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (2-0)
Силјановски 59′, Сахити 66′
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА (1-3)
Здравков 85′ (п) – Ибраими 58′, Абдурахими 78′, Алими 89′

ТАБЕЛА: Вардар 53 бода, Шкендија 47, Работнички 39, Пелистер 36, Силекс 31, Ренова 31, Шкупи 22, Победа 20, Македонија ЃП 16, Брегалница 12 бода.

===================================================================

Крај на сите натпревари од 23. коло во ПМФЛ. По претходниот пораз од Работнички, Пелистер поразен и на гостувањето во Тетово од Ренова… Без проблеми за Вардар и за Шкендија!

МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР (0-5)

0-5 – 89′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. Нововлезенот Стефан Спировски постигнува гол за конечни 0-5 во Ѓорче Петров

РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР (2-1)

2-1 – 88′ – ГОООООЛ ЗА РЕНОВА. Стојанче Велинов носи предност од 2-1 за Ренова во самиот финиш од мечот

КРАЈ НА НАТПРЕВАРОТ ВО ШТИП. Победа на Шкендија против Брегалница од 1-3

БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА (1-3)

1-3 – 89′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Арменд Алими ја запечатува победата на тетовци. Одземена топка по левата страна, Абдурахими создаде шанса, Кобетиќ го одбрани првиот удар, се одби до Арменд Алими кој ја погоди мрежата

БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА (1-2)

1-2 – 85′ – ГООООЛ ЗА БРЕГАЛНИЦА. Штипјани преку капитенот Здравков со гол од пенал намалуваат на 1-2

брегалница - шкендија

БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА (0-2)

0-2 – 78′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. По продорот од десната страна, Тодоровски уфрли во средината а Абдурахими од неколку метри го постигнува својот деби гол за Шкендија

БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА (0-1)

72’ – Убава шанса за Ристе Наумов по центаршутот од десната страна, но не го зафати волеј-ударот најдобро

МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР (0-4)

0-4 – 58′ – ГООООООЛ ЗА ВАРДАР. И Дејан Блажевски се запишува во листата на стрелците за убедлива предност

IMG_9490

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (2-0)

2-0 – 66′ – ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Продор на Силјановски по десната страна, нафрла на вториот дирек каде Суад Сахити од 5-6 метри сместува во мрежата на Силекс

ПОБЕДА – ШКУПИ (1-1)

1-1 – 63′ – ГООООЛ ЗА ПОБЕДА. Со автоголот на голманот на Шкупи, Суат Зендели, Победа доаѓа до израмнување во Прилеп

МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР (0-3)

0-3 – 53′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. Ерменецот Барсегјан носи водстви и од 0-3 за Вардар

mkd gp

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (1-0)

1-0 – 59′ – ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Феноменален гол на Горан Силјановски кој од 35 метри од десната страна го лобуваше гостинскиот голман

РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР (1-1)

1-1 – 54′ – ГООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Бразилецот Лукас со убав погодок носи израмнување за Пелистер

БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА (0-1)

0-1 – 58′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Ибраими доби употреблива топка, шутираше од десетина метри и ја погоди мрежата од голот на Брегалница

skendija radost

БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА (0-0)

56’ – Жуниор во убава шанса за гостите, шутираше откосо од десната страна, но не беше прецизен

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (0-0)

48′ – Убав продор на Тимов по десната страна, се обидува со лоб од 15 метри, но Шишковски на место

ПОЧЕТОК НА ВТОРОТО ПОЛУВРЕМЕ…

ПОЛУВРЕМЕ И НА ДУЕЛОТ НА „ТЕЛЕКОМ АРЕНА“. Без голови меѓу Работнички и Силекс

КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ ВО ШТИП. Шкендија не може да го „скрши“ отпорот на Брегалница

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (0-0)

40′ – Одличен шут на Гуцев од 30 метри, но Шишковски убава интервенира од самата греда исфрлајќи во корнер

МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР (0-2)

0-2 – 24′ – ГОООООЛ ЗА ВАРДАР. Фелипе нафрли од корнер а Хамбраџумјан на првиот дирек сместува во мрежата на домашните

makedonija gp - vardar 2

ПОБЕДА – ШКУПИ (0-1)

0-1 – 31′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Со погодокот на Димитрија Лазаревски, Шкупи води на гостувањето против Победа во Прилеп

РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР (1-0)

1-0 – 27′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Одличен продор по десната страна на Нухии, кој нафрли пред голот на Пелистер каде Гафури од 10 метри стрела ниско по земја за водство од 1-0

МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР (0-1)

0-1 – 16′ – ГОООООЛ ЗА ВАРДАР. Шампионот прв до гол во 23. коло. Горан Попов стрела за водство на црвено-црните во Ѓорче Петров, по корнерот на Фелипе од десната страна

МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР (0-0)

15′ – Вардар без ниту една можност на почетокот од мечот за затресување на мрежата на домашните, на дуелот во Ѓорче Петров

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (0-0)

18′ – 100% шанса за Работнички. Одлично беше проигран Елмас кој од само 5-6 метри сам пред голот на Силекс не реализира, а Вујанац го брани неговиот шут

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (0-0)

13′ – Одличен обид на Елиф Елмас, но брани Вујанац спречувајќи водство на Работнички

РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР (0-0)

8′ – Прва шанса за Ренова. Гафури се обиде со глава, но брани гостинскиот голман

Povreda 2

Егзон Бејтулаи е на списокот на Игор Ангеловски за престојниот квалификациски со Лихтештајн на 24. март. Но, сега останува неизвесно дали ќе може да биде на располагање на македонската репрезентација!!

БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА (0-0)

!!! – 8′ – Сериозна повреда на десниот бек на Шкендија, репрезентативецот Егзон Бејтулаи кој при еден продор по десната страна незгодна падна. Во игра кај Шкендија влезе Бесарт Абдурахими, а Бејтулаи со амбулатно возило е одведен во градската болница во Штип

povreda

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (0-0)

8′ – Почеток без никакви возбудувања на „Телеком арената“. Игра на средината од теренот на почетокот

БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА (0-0)

7′ – Мирен почеток на дуелот во Штип, без ниту една шанса на двете страни

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 23. КОЛО ВО ПМФЛ

* На дуелот во Ѓорче Петров, Вардар ќе атакува на трите бода главно со стандарниот состав, без Грнчаров во одбраната и без Којашевиќ во нападот. На голот ќе биде Гачевски, во одбраната Хамбарџумјан, Новак, Велковски и Попов, во средниот ред Николов, Глигоров и Фелипе, и во нападот Џигаури, Барсегјан и Блажевски.

* Во Прилеп на теренот на „Могила“, Победа на дуелот против Шкупи ќе игра со следниот стартен состав: Талески, Ѓоргиевски, Ристевски, Најдовски, Крстески, Илиевски, Карчески, Шаркоски, Наумоски, Цветановски, Гешоски.

Шкупи, пак, ќе игра во следниот состав: Зендели, Малиќи, Бајрами, Кадриу, Лазаревски, Демири, Имери, Асани, Бериша, Адем и Б. Асани

===================================================================

Стартуваат натпреварите од 23. коло во Првата фудбалска лига на Македонија. Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Вардар и Шкендија атакуваат по нови победи во пресметките со Македонија ЃП односно Брегалница. Најинтересниот меч треба да биде на „Телеком арена“ каде Работнички ќе биде домаќин на Силекс, а во Тетово, Пелистер гостува на Ренова. Победа конечна се враќа во Прилеп каде ќе биде домаќин на Шкупи.

Се вчитува...