ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Вардар и Шкендија со минимални победи

ПРВА ЛИГА, 23.КОЛО…РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО

ВАРДАР – ШКУПИ (1-0)

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (1-0)

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СИЛЕКС (2-0)

МАКЕДОНИЈА ЃП – БЕЛАСИЦА (2-1)

ПОБЕДА – РЕНОВА (2-3)

========================================================================

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (1-0)

92’: Шанса за Работнички во 92. минута, одличен центаршут од левата страна, шут од прва на Блажевски, но голманот на Шкендија ја запре топката.

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (1-0)

83’: Слободен удар од идеална позиција за Рабиотнички, Дејан Блажевски биеше ниско по земја, голманот на Шкендија, Костадин Захов, одлично одбрани.

МАКЕДОНИЈА ЃП – БЕЛАСИЦА (2-1)

84’ ГОООООЛ за Беласица, 2-1. Пепи Георгиев го намалува резултатот и носи ндеж дека струмичани можат да освојат барем бод.

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (1-0)

79’: Уште една убава шанса за Шкендија, топката одеше кон Емини, но голманот Јанков во последен момент истрча и ја отстрани опаноста. Нов корнер за домаќините.

МАКЕДОНИЈА ЃП – БЕЛАСИЦА (2-0)

76’ ГОООООЛ за Македонија ЃП, 2-0. Боби Божиновски со удар со глава ја затресе противничката мрежа по центаршутот на Демир.

ВАРДАР – ШКУПИ (1-0)

70’: Убава шанса за Ндонг, но сепак останува минималното водство за Вардар.

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (1-0)

67’: Нова шанса за Шкендија, во добра позиција се најде Арменд Алими, но голманот на Работнички реагираше во вистински момент.

ПОБЕДА – РЕНОВА (2-3)

61’ ГОООООЛ за Победа. Ѓорѓи Танушев во 61.минута постигнува втор гол за прилепскиот состав.

ПОБЕДА – РЕНОВА (1-3)

Два пенали во период од пет минути. Ѓорѓи Танушев во 52.минута намали на 1-2, а пет минути подоцна Влатко Стојановски зголеми на 1-3 за Ренова.

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СИЛЕКС (2-0)

55’ ГОООООЛ за Академија Пандев, 2-0. Љупчо Дориев по вторпат погоди од пенал, по фаулот над Марио Крстовски.

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (1-0)

53’ ГОООООЛ за Шкедија, 1-0. Стенио Жуниор погоди со шут од 15 метри, откако Агим Ибраими одигра повратна топка.

Крај на првото полувреме на сите натпревари од 23.коло во Првата фудбалска лига.

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (0-0)

44’: Краток прекин во Тетово по комичната ситуација, голманот Захов во обид да ја исфрли топката го погоди во главата Бејтулаи, кому мора да му биде укажана лекарска помош

ВАРДАР – ШКУПИ (1-0)

43’: Махарава шутира од 18 метри, крај голот на Вардар.

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (0-0)

40’: Работнички се ослободи од притисокот на Шкендија, Шаркоски се обиде со волеј удар од десетина метри, но шутираше над голот.

ВАРДАР – ШКУПИ (1-0)

38’: Одлична реакција на Филип Гачевски, спасува сигурен погодок. Шутираше Махарава, но голманот на Вардар беше на вистинското место и го сочува водството на „црвено-црните“.

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (0-0)

16’: Прва шанса за Работнички, Шаркоски одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник, од десетина метри откосо шутираше, но Захов го одбрани неговиот обид

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СИЛЕКС (1-0)

22’: ГОООООЛ за Академија Пандев, 1-0. Љупчо Дориев од пенал го отвора резултатот во Струмица.

ПОБЕДА – РЕНОВА (0-2)

18’: ГООООООЛ за Ренова, 0-2. Бурхан Мустафов со два гола веќе носи одлично водство за Ренова.

ВАРДАР – ШКУПИ (1-0)

20’ ГОООООЛ за Вардар, 1-0. Дарко Мицевски од пенал носи водство за Вардар. Претходно, Филип Ристовски го сруши Лира во шеснаесетникот на гостите. 

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (0-0)

11’: Шкендија има тотална доминација на теренот, во 11. минута домашните фудбалери ја имаа и првата посериозна шанса, но шутот на Шефити заврши сантиметри крај голот на Работнички

МАКЕДОНИЈА ЃП – БЕЛАСИЦА (1-0)

10’: Тантуровски носи водство за Македонија ЃП на дуелот против Беласица.

ВАРДАР – ШКУПИ (0-0)

Вардарци со Лима како најистурен во нападот, а Шкупи исто така со офанзивна формација, со Виктор Ангелов најблиску до противничкиот гол.

 

Се вчитува...