ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Вардар ја реши и Победа, реми на Академија Пандев и Шкендија… (ФОТО)

РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО… ПРВА ЛИГА, 8. КОЛО

Штип: ПОБЕДА – ВАРДАР (0-1)

Лира 56′

Скопје: РАБОТНИЧКИ – БЕЛАСИЦА (1-1)

Херера 27′ – Ивановски 37′

Турново: АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (0-0)

Тетово: РЕНОВА – ШКУПИ (2-0)

Јусуфи 18′, Стојановски 54′(п)

Кратово: СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-1)

Алексовски 83′(п) – Костовски 4′

Standings provided by Sofascore LiveScore



======================================================================================

  • КРАЈ НА СИТЕ НАТПРЕВАРИ ОД 8. КОЛО ВО ПМФЛ!
  • Крај и на натпреварот во Турново. Академија Пандев и Шкендија одиграа без голови.
  • Крај на дуелот во Тетово, победа на Ренова од 2-0 против Шкупи.

ПОБЕДА – ВАРДАР (0-1)

83′ – Нова одлична шанса на Победа, но шутот на Спиркоски од десеттина метри откосо во последен момент запрен пред гол-линијата од голот на Вардар и блокиран во корнер

ПОБЕДА – ВАРДАР (0-1)

81′ – Набуезе повторно во шанса, се обидува со глава од 5-6 метри но добра поставен Гачевски

СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-1)

1-1 – 83′ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. Кратовци преку ударот на Дарко Алексовски од пенал израмнуваат на дуелот против Македонија ЃП

СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-1)

!!!! – 80′ – Директен црвен картон и исклучување за Емануел Мбела кај Силекс

ПОБЕДА – ВАРДАР (0-1)

64′ – Одлична шанса за Победа. Набуезе се најде во супер позиција од 11 метри, но шутира млако директно во рацете на голманот Гачевски

ПОБЕДА – ВАРДАР (0-1)

0-1 – 56′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. Бразилецот Лира носи предност за „вардарци“ против Победа во Штип

РАБОТНИЧКИ – БЕЛАСИЦА (1-1)

56’ – Недељковиќ шутира со левата нога од 15 метри, директно во Вујанац

РЕНОВА – ШКУПИ (2-0)

2-0 – 54′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Влатко Стојановски од пенал го дуплира водството на Ренова

РАБОТНИЧКИ – БЕЛАСИЦА (1-1)

51’ – Бопесу нафрли од левата страна, а Гофри не успеа да ја зафати топката во петерецот

  • Почеток на второто полувреме…

КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 8. КОЛО ВО ПМФЛ….

РАБОТНИЧКИ – БЕЛАСИЦА (1-1)

1-1 – 37’ – ГООООООЛ за Беласица. Филип Ивановски. Милушев нафрли од левата страна, на пеналтикот натрча Филип Ивановски и ја закова топката во мрежата

РАБОТНИЧКИ – БЕЛАСИЦА (1-0)

33’ – Шанса за Беласица, но Шаркоски спаси од самата гол линија

РАБОТНИЧКИ – БЕЛАСИЦА (1-0)

29’ – Калпачки шутираше откосо од десната страна, над голот на Работнички

РАБОТНИЧКИ – БЕЛАСИЦА (1-0)

1-0 – 27’ – ГОООООЛ за Работнички, 1-0. Себастијан Херера упати бомба од 30 метри и го изненади Никола Вујанац

ПОБЕДА – ВАРДАР (0-0)

22′ – Извонреден шут на Кириан Набуезе кон голот на Вардар, но сантиметри покрај левиот дирек од голот на Гачевски

ПОБЕДА – ВАРДАР (0-0)

17′ – Битанг шутира од 18 метри кон голот на Победа, но брани Тофилоски

РАБОТНИЧКИ – БЕЛАСИЦА (0-0)

16′ – Одлична шанса за Беласица. Серафимовски нафрли од левата страна, Филип Ивановски осамен на 7-8 метри со глава се обидува но над голот на Ристе Јанков

РЕНОВА – ШКУПИ (1-0)

1-0 – 18′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Со голот на Јусуфи, „гипсарите“ доаѓаат до предност на дуелот во Тетово

АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (0-0)

14′ – Одлична шанса за Академија Пандев, по корнерот од левата страна Димов во одлична позиција но од 12 метри шутира крајно непрецизно

РАБОТНИЧКИ – БЕЛАСИЦА (0-0)

6’ – Недељковиќ постигна гол за Работнички, но се најде во офсајд позиција

СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-1)

0-1 – 4′ – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Со погодокот на Кристијан Костовски, „лавовите“ дојдоа до брзо водство на гостувањето во Кратово

  • Сите натпревари од денешното 8. коло почнаа со една минута чутење во чест на македонската фудбалска легенда Благој Истатов кој почина на 27. септември на 71-годишна возраст!

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 8. КОЛО ВО ПМФЛ…

  • Познати се составите за дербито Академија Пандев – Шкендија…

  • Познати и почетните тимови за пресметката во Штип меѓу Победа и Вардар…


======================================================================================

Осмо коло од новата сезона 2018/2019 во македонската Прва лига. Дербито се игра во Турново каде Академија Пандев ја пречекува Шкендија, а Вардар ќе игра против Победа во Штип.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...