ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Вардар „киксна“ со Скопје, Шкендија со песна од Ѓорче

РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО… ПРВА ЛИГА, 5. КОЛО

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (2-6)

Маркоски 38′(п), Гофри 53’ – Хасани 7′(п), 74’, Илиев 16′(аг), Тодоровски 34′, Алими 56’, Шефити 83’

Кратово: СИЛЕКС – ШКУПИ (0-1)

Стојкоски 45′

Прилеп: ПОБЕДА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (2-2)

Илијоски 42′, Шаркоски 84’ – Дориев 20′, Грифони 55’

Скопје: СКОПЈЕ – ВАРДАР (1-1)

Џугурдиќ 35′ – Фелипе 27′

ВЧЕРА

Тетово: РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР 1-0

ТАБЕЛА: Шкендија 13Пелистер 8 бода, Академија Пандев 8Вардар(-1) 7, Шкупи 7, Силекс 6, Ренова 5, Победа 5, Скопје 3, Работнички(-1) 2.

=========================================================================

КРАЈ: СИЛЕКС – ШКУПИ (0-1) 

КРАЈ: СКОПЈЕ – ВАРДАР (1-1)

КРАЈ: РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (2-6)

ПОБЕДА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (2-2)

84’ – Николче Шаркоски носи израмнување за Победа против Академија Пандев.

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (2-6)

83’ – ГООООООЛ за Шкендија. Шефит Шефити со удар со глава го матира Шишковски.  

СКОПЈЕ – ВАРДАР (1-1)

79’ – Барсегјан шутираше со глава по центрашутот од десната страна, но голманот на Скопје одбрани.

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (2-5)

74’ – ГОООООООЛ за Шкендија. Челиковиќ нафрли од левата страна, а Хасани реализира од петерецот. 

ПОБЕДА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (1-2)

55’ – ГООООООЛ за Академија Пандев. Џулио Грифони носи предност за струмичкиот тим во Прилеп. 

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (2-4)

56’ – ГОООООЛ за Шкендија. Алими од слободен удар повторно носи два гола предност за Шкендија.  

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (2-3)

53’ – ГОООООЛ за Работнички. Погреши одбраната на Шкендија на 40 метри од голот, а Чарлс Гофри од прва шутираше и постигна фантастичен погодок.  

СКОПЈЕ – ВАРДАР (1-1)

52’ – Црвен картон за Бобан Грнчаров, кој погреши како последен човек во одбраната, а потоа направи фаул за шампионот да не прими гол.

СКОПЈЕ – ВАРДАР (1-1)

49’ – Глишиќ нафрли од левата страна, Џигаури шутираше со глава, но над голот.

КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

СИЛЕКС – ШКУПИ (0-1)

0-1 – 45′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. Со погодокот на Кристијан Стојкоски, Шкупи пред полувремето доаѓа до предност во Кратово

ПОБЕДА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (1-1)

1-1 – 42′ – ГООООЛ НА ПОБЕДА. Со погодокот на Ристе Илијоски, Победа израмнува во Прилеп

Крај на првото полувреме во Автокоманда…

СКОПЈЕ – ВАРДАР (1-1)

40′ – Барсегјан се обидува од 20 метри, но сигурен домашниот голман

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (1-3)

1-3- 38′ – ГООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Кире Маркоски од пенал успева да ја намали предноста на гостите

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (0-3)

0-3 – 34′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Благоја Тодоровски ги носи гостите до водство и од 0-3

IMG_4770

СКОПЈЕ – ВАРДАР (1-1)

1-1 – 35′ – ГОООООЛ ЗА СКОПЈЕ. Милош Џугурдиќ пресече топка и сам пред голот на гостите успеа да го казни Вардар за 1-1

СКОПЈЕ – ВАРДАР (0-1)

0-1 – 27′ – ГОООООЛ ЗА ВАРДАР. Со прецизен шут ниско по земја од околу 20 метри, Хуан Фелипе носи предност за шампионот

ПОБЕДА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (0-1)

0-1 – 20′ – ГОООООЛ ЗА АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ. Репрезентативецот Љупчо Дориев ги носи гостите до водство. Катастрофална грешка на домашната одбрана која ја користи Дориев!

ПОБЕДА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (0-0)

16′ – Одлична шанса за Победа. По нафрлањето од левата страна, Гешоски со глава, но гредата го спасува голот на гостите

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (0-2)

0-2 – 16′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. По нафрлањето на Бесарт Ибраими, Илиев сакаше да ја врати топката до Шишковски, го направи тоа несмасно и топката од гредата се одби во мрежата. Автогол на домашниот фудбалер

СКОПЈЕ – ВАРДАР (0-0)

15’ – Интересно, Скопје напаѓа на Автокоманда, изведе веќе два корнери

IMG_4715

ПОБЕДА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (0-0)

12′ – Израмнет дуел во Прилеп, со игра главно на средината од теренот без можности и на двете страни

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (0-1)

10’ – Ибраими во шанса, но неговиот шут беше блокиран од одбраната на Работнички

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (0-2)

0-1 – 7′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Ферхан Хасани прецизно стрела од белата точка!

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (0-0)

!!! – 6′ – ПЕНАЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Дурански на гол линијата играше со рака, за што доби веднаш и директен црвен картон

СКОПЈЕ – ВАРДАР (0-0)

5′ – Одличен шут на Филип Јаневски од околу 20 метри, но Гачевски брани

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (0-0)

3’ – Изаир Емини беше во убава шанса, но не ја искористи на самиот старт од мечот

СКОПЈЕ – ВАРДАР (0-0)

3’ – Блажевски се обиде со шут од далечина, но не беше прецизен

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 5. КОЛО ВО ПМФЛ

  • Вардар со изменет среден ред, без стандардните Николов и Глигоров, ќе настапи на дуелот против Скопје

Vardar sostav

  • По дуелот во осминафиналето од Купот на Македонија, Работнички и Шкендија повторно на мегдан во Ѓорче Петров, овој пат во рамките на 5. коло од шампионатот

=========================================================================

Стартуваат натпреварите од 5. коло во 2017/18 сезона во Првата фудбалска лига на Македонија. Денеска на програмата се останатите четири натпревари во Скопје, Кратово и Прилеп, откако вчера Ренова славеше против Пелистер во Тетово со 1-0.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...