ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Вардар немоќен и во Кратово, победи на Шкендија и Работнички… (ФОТО)

РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО… ПРВА ЛИГА, 13. КОЛО

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ (1-0)

Чарлс Гофри 45′

Скопје: СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР (1-0)
Десниќ 35′
Кратово: СИЛЕКС – ВАРДАР (0-0)

Прилеп: ПОБЕДА – ШКЕНДИЈА (0-2)
Хасани 11′(п), Ибраими 90’+4

ВЧЕРА

Тетово: РЕНОВА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 3-1

ТАБЕЛА: Шкендија 31 бодАкадемија Пандев(-1) 21, Вардар(-2) 20Силекс 19, Ренова 17, Работнички(-1) 16, Шкупи 15, Пелистер 12, Победа 12, Скопје 9 бода.

=========================================================================

КРАЈ И НА ДУЕЛОТ ВО АВТОКОМАНДА. Скопје го победи Пелистер!

КРАЈ НА ДУЕЛОТ ВО КРАТОВО. Силекс пропушти можност да слави против Вардар, на крајот ремизирајќи без голови!

СИЛЕКС – ВАРДАР (0-0)

92′ – Втор жолт картон за Тимовски и исклучување кај Силекс!

КРАЈ И НА НАТПРЕВАРОТ НА „ФИЛИП ВТОРИ“. Трета едноподруго победа за Работнички, по Пелистер и Вардар, падна и Шкупи!

КРАЈ НА НАТПРЕВАРОТ ВО ПРИЛЕП. Заслужен триумф на Шкендија!

ПОБЕДА – ШКЕНДИЈА (0-2)

0-2 – 90’+4 – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Брз контранапад за тетовци, Тодоровски до Жуниор кој нафрли од десно на вториот дирек каде Бесарт Ибраими сместува во мрежата на прилепчани за запечатување на победата!

СИЛЕКС – ВАРДАР (0-0)

85′ – Барсегјан се обиде со шут од околу 20 метри, но за малку над гредата од голот на Силекс

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ (1-0)

85’ – Таипи шутира, но Божиновски рутински одбрани

ПОБЕДА – ШКЕНДИЈА (0-1)

!!! – 83’ – Втор жолт картон и исклучување за Дарко Илиески од Победа

ПОБЕДА – ШКЕНДИЈА (0-1)

80′ – Одлична шанса за Шкендија, но Бесарт Ибраими откосо од околу 15 метри шутира над голот на Победа

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ (1-0)

69’ – Сержо јуниор и Велинов подготвија шанса за Стјепановиќ, тој шутираше непрецизно од 16 метри

СИЛЕКС – ВАРДАР (0-0)

69′ – Убава можност за Силекс. Филиповски одлично нафрли од левата страна, а Глигоров на 6-7 метри пред голот на Вардар се обиде, но во последен момент расчистува во корнер Грнчаров

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ (1-0)

58’ – Мбела шутира откосо од десната страна кон голот на домаќините, но Божиновски одбрани

IMG_6557

СИЛЕКС – ВАРДАР (0-0)

57′ – Без ниту една шанса и на двете страни во второто полувреме, игра главно на средината од теренот

ПОБЕДА – ШКЕНДИЈА (0-1)

61′ – Изаир Емини продре по левата страна, уфрли во средината, но одбраната на Победа расчисти во последен момент

ПОБЕДА – ШКЕНДИЈА (0-1)

54′ – Одлична шанса за Победа. Лука Трајковски се најде во идеална ситуација, но неговиот шут од десеттина метри го брани гостинскиот голман

Почеток на вториот дел на четирите денешни дуели од 13. коло во ПМФЛ…

КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

Skopje radost 2

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ (1-0)

1-0 – 45’+1 – ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Одлична акција по слободен удар, која со гол ја крунира Чарлс Гофри

СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР (1-0)

1-0 – 35′ – ГОООООЛ ЗА СКОПЈЕ. Со погодокот на Дарио Десниќ, Скопје доаѓа до водство против Пелистер во Автокоманда

Skopje - Pelister 4

СИЛЕКС – ВАРДАР (0-0)

34′ – Обид на Барсегјан од околу 30 метри од слободен удар, но лесен плен за домашниот голман

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ (0-0)

35’ – Гофри го проигра Стојанче Велинов, тој излезе сам пред Зендели, но овој одбрани фантастично со нога и спречи сигурен гол

ПОБЕДА – ШКЕНДИЈА (0-1)

35′ –  Многу нервозен натпревар во Прилеп на Могила. Голманот Давор Талески кој се повреди при пеналот не можеше да ја продолжи средбата, па заменет е со Јованоски.

СИЛЕКС – ВАРДАР (0-0)

30′ – Вардар повторно очаен на терен. Ниту една создадена можност за цели 30 минути. Силекс веќе заслужи водство, но Тимов не успеа да реализира. Во два наврати ја погоди рамката од голот на Вардар, од кои еднаш од пенал!

СИЛЕКС – ВАРДАР (0-0)

!!!!! – 26′ – СИЛЕКС ПРОМАШИ ПЕНАЛ…. Глигоров беше соборен во гостинскиот шеснаесетник, а Филип Тимов од белата точка го погоди дирекот од голот на Гачевски!

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ (0-0)

27’ Стјепановиќ го проигра Сержо јуниор на десната страна, тој шутираше со волеј-удар, Зендели одбрани и исфрли во корнер

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ (0-0)

15’ – Корнер за Шкупи од десната страна, Шабани упати удар со глава, но Божиновски е на место

IMG_6115

СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР (0-0)

!!! – 9′ – Пелистер ќе игра со фудбалер помалку, откако бугарскиот интернационалец Мартин Ковачев доби директен црвен картон!

Kovacev crven karton

Skopje - Pelister

СИЛЕКС – ВАРДАР (0-0)

!!!! – 8′ – Извонредна шанса за Силекс. Тимов имаше 100% можност, но дирекот го спаси голот на Вардар!

ПОБЕДА – ШКЕНДИЈА (0-0)

0-1 – 11′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Пеналот успешно го реализира Ферхан Хасани

ПОБЕДА – ШКЕНДИЈА (0-0)

8′ – ПЕНАЛ ЗА Шкендија. Голманот Талески во својот шеснаесетник го собори Тодоровски, за оправдано досуден удар од белата точка

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ (0-0)

5’ – Серџо јуниор изведе корнер, Садики шутираше со глава, а одбиената топка лошо ја зафати и Стојанче Велинов

ПОБЕДА – ШКЕНДИЈА (0-0)

4′ – Прв корнер за Победа, но без опасност по голот на Шкендија, домашните фудбалери направија прекршок во напад во воздушните дуели

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 13. КОЛО ВО ПМФЛ…

IMG_6015

  • Пелистер на дуелот против Скопје во Автокоманда ќе биде без тренер, по оставката која ја поднесе досегашниот стратег Срѓан Захариевски… Во тимот кај битолчани не е Баже Илијоски, а на голот на местото на Марко Јовановски е Илче Петровски.

Состави - Скопје - Пелистер

  • Познати составите и за пресметката на Вардар во Кратово против Силекс… Вардар ќе биде без Николов и Глигоров во средниот ред, а Максим Максимов по трите претходни дуели сега не е во стартниот тим…

Состави - Силекс - Вардар

  • Шкендија во најсилниот состав ќе атакува на три бода во Прилеп против Победа…

Состави - Победа - Шкендија

  • Работнички против Шкупи на „Филип Втори“ посакува и трета едноподруго победа под раководство на Горан Станковски…

Состави - Работнички - Шкупи

=========================================================================

Стартуваат натпреварите од 13. коло во 2017/18 сезона во Првата фудбалска лига на Македонија. По двата едноподруго порази Вардар ќе мора да се вади на дуелот против Силекс во Кратово, додека Шкендија, пак, по три бода оди во Прилеп.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...