ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Вардар со пресврт победа против Шкупи, Шкендија без милост за Работнички… (ФОТО)

РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО… ПРВА ЛИГА, 5.КОЛО

Турново: АК. ПАНДЕВ – СИЛЕКС (3-0)

Дориев 61′(п), 89′, Илиев 76′

Скопје: ВАРДАР – ШКУПИ (2-1)

Лира 53′, Новак 62′ – Сержињо 29′

Тетово: ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (6-2)

Гледи Мици 37′, Ибраими 38′, 75′, 82′, Бојку 40′, Алими 54′ – Петковски 11′, Стјепановиќ 70′

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – БЕЛАСИЦА (0-0)

Битола: ПОБЕДА – РЕНОВА (1-0)

Мустафов 9′

Standings provided by Sofascore LiveScore



======================================================================================

КРАЈ НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 5. КОЛО ВО ПМФЛ… Убедлива победа на Академија Пандев, пресврт победа на Вардар против Шкупи од 2-1 на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари!

АК. ПАНДЕВ – СИЛЕКС (3-0)

3-0 – 89′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Дориев повторно стрела за убедлива победа на Академија Пандев!

Крај на дуелот во Тетово. Убедлива победа на Шкендија!

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (6-2)

6-2 – 82′ – ГОООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Хет-трик на Ибраими, повеќе од убедлива победа за тетовци!

АК. ПАНДЕВ – СИЛЕКС (2-0)

2-0 – 76′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Со погодокот на Томислав Илиев дуплирана предност за струмичани

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (5-2)

5-2 – 75′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Бесарт Ибраими со својот втор гол на мечот за 5-2

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (4-2)

4-2 – 70′ – ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Евро-гол на Остоја Стјепановиќ кој со шут од слободен удар од околу 20 метри стрела под гредата од голот на Захов

АК. ПАНДЕВ – СИЛЕКС (1-0)

1-0 – 61′ – ГОООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Пенал за „пандевци“. Љупчо Дориев прецизен од белата точка!

ВАРДАР – ШКУПИ (2-1)

2-1 – 62′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. Евгениј Новак стрела за „црвено-црните“ за целосен пресврт и водство од 2-1. Скратен корнер на Јуфо, на вториот дирек натрча Новак и успеа да ја смести топката во мрежата.

ВАРДАР – ШКУПИ (1-1)

1-1 – 53′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. Со погодокот на Бразилецот Лира, кој со глава одлично реагира по центаршутот на Брдаровски, Вардар израмнува

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (4-1)

4-1 – 54′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Мајсторија на Ибраими по десната страна, го проигрува Алими кој од неколку метри пред голот на гостите лесно стрела за 4-1

  • Почеток на вториот дел на дуелите од 5. коло во ПМФЛ

КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ….

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (3-1)

3-1 – 40′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Каков пресврт на тетовци…. Бесмир Бојку прекрасно шутира од 16 метри и носи водство од 3-1

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (2-1)

2-1 – 38′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Одлична акција по десната страна на Мици, додава до Ибраими кој мајсторски од 10 метри погодува за водство од 2-1

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (1-1)

1-1 – 37′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. По шутот на Емини од десната страна, Божиновски ја одбива топката но на неа натрчува Гледи Мици и сместува во мрежата

ВАРДАР – ШКУПИ (0-1)

0-1 – 29′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. Бразилецот Сержињо ги носи чаирчани до водство во пресметката со Вардар. Шутираше од 20 метри кон првиот дирек и ја смести топката покрај Гачевски

ПОБЕДА – РЕНОВА (1-0)

28′ – Одличен шут на Нухии, но гредата го спасува голот на Победа

  • Без многу возбудувања на дуелот во Ѓорче Петров каде Македонија ЃП и Беласица по половина час играат без голови

ВАРДАР – ШКУПИ (0-0)

24′ – Обид на Илијоски од околу 20 метри да го изненади Гачевски, но голманот на Вардар е на вистинското место и лесно интервенира

ПОБЕДА – РЕНОВА (1-0)

19′ – Идеална шанса за Победа, но Макота Јаник од само неколку метри ја погодува гредата од голот на Ренова

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (0-1)

16′ – Одлична шанса за Шкендија. Центаршут од десната страна, но Ибраими прекраток на само неколку метри пред голот на „романтичарите“

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (0-1)

0-1 – 11′ – ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. По аутот од левата страна, топката до Петар Петковски кој од десеттина метри осамен прецизно стрела во долниот лев агол од голот на Захов

ВАРДАР – ШКУПИ (0-0)

8′ – Одлична шанса за Вардар, центаршут од десната страна, Максимов од пет метри наместо во мрежата шутира над голот

ПОБЕДА – РЕНОВА (1-0)

1-0 – 9′ – ГООООЛ ЗА ПОБЕДА. По акцијата по десната страна, топката во мешаницата доаѓа до Мустафов кој од 7-8 метри стрела под гредата од голот на гостите

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (0-0)

8′ – Слободен удар од околу 18 метри изведе Бесарт Ибраими, но само во живиот ѕид на противничкиот тим

Очајна посета на терените во Првата македонска фудбалска лига… На стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари каде Вардар игра со Шкупи, едвај околу 150 навивачи од кои максимум 100 „Комити“…

  • Речиси без гледачи и на стадионот во Ѓорче Петров каде Македонија ЃП игра со Беласица…

  • А, за разлика од минатото далеку послаба посета и во Тетово на дербито меѓу Шкендија и Работнички…

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 5. КОЛО ВО ПМФЛ…

  • Познати и составите за дуелот меѓу Вардар и Шкупи… „Вардарци“ без Барсегјан во нападот и без Попов во одбраната…

  • Познати составите за пресметката во Тетово меѓу Шкендија и Работнички…

======================================================================================

Петто коло од новата сезона 2018/2019 во македонската Прва лига. Дербито се игра во Тетово каде Шкендија го пречекува Работнички, а интересно ќе биде и во Маџари каде се среќаваат Вардар и Шкупи.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...