РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО… ПРВА ЛИГА, 2.КОЛО
Струмица: БЕЛАСИЦА – АК. ПАНДЕВ (0-2)
Крстовски 75′, 85′
Скопје: ШКУПИ – ПОБЕДА (0-0)
Тетово: РЕНОВА – ВАРДАР (0-1)
Барсегјан 75′
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА (0-0)
ВЧЕРА
Скопје: РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 2-1
П. Петковски 12′, 36′ – Порфаит 63′(п)
======================================================================================
Крај и на останатите натпревари од 2. коло. Победи само на Вардар и Академија Пандев во ден со само три гола на четири меча. Реми на Шкендија и Шкупи!
КРАЈ НА НАТПРЕВАРОТ ВО TЕТОВО. ПОБЕДА НА ВАРДАР!
БЕЛАСИЦА – АК. ПАНДЕВ (0-2)
0-2 – 85′ – ГОООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Нов гол за Академија Пандев и повторно Марио Крстовски
БЕЛАСИЦА – АК. ПАНДЕВ (0-1)
0-1 – 75′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Марио Крстевски со прекрасен шут од 20 метри ги доведува „пандевци“ до водство
РЕНОВА – ВАРДАР (0-1)
0-1 – 75′ – ГОООООЛ ЗА ВАРДАР. Барсегјан ги доведува гостите до водство во Тетово!
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА (0-0)
70′ – Тодоровски нафрли од десно, Жуниор највисок во скокот со глава но брани домашниот голман
ШКУПИ – ПОБЕДА (0-0)
66′ – Тофилоски пак јас спасува Победа. Муарем шутираше со глава под гредата, гостинскиот голман повторно исфрли во корнер
БЕЛАСИЦА – АК. ПАНДЕВ (0-0)
65′ – Нова шанса за Беласица. Балдовалиев се најде во одлична позиција, од десеттина метри шутира но покрај левиот дирек од голот на Академија Пандев
ШКУПИ – ПОБЕДА (0-0)
57′ – Стојкоски изведе извонредно слободен удар, но Теофилоски со бравурозна интервенција спречи топката да заврши во горниот агол од неговиот гол
РЕНОВА – ВАРДАР (0-0)
54′ – 100% шанса за Ренова. Нухии се најде во одлична можност од непосредна близина, но Гачевски спречува гол на домашните
БЕЛАСИЦА – АК. ПАНДЕВ (0-0)
!!! – 54′ – Деби на Аце Стојков за Академија Пандев. Стојков влегува во игра на местото на Сашко Пандев!
БЕЛАСИЦА – АК. ПАНДЕВ (0-0)
53′ – Прва шанса за Беласицa, Балдовалиев ја зафаќа топката пред голот на Академија Пандев но шутира над голот
ШКУПИ – ПОБЕДА (0-0)
50′ – Две шанси на Победа во првите пет минути од второто плувреме, но Наумоски и Чиназорм шутираат непрецизно од одлични ситуации во шеснаесетникот
ПОЧЕТОК НА ВТОРОТО ПОЛУВРЕМЕ….
- Полувреме за неверување во 2. коло од ПМФЛ. На сите четири натпревари без ниту еден постигнат погодок, а едвај можеа да се соберат вкупно три некакви шанси на сите четири дуели. Очајно… Мачно за гледање!
РЕНОВА – ВАРДАР (0-0)
38′ – Три корнери по ред изведува Брдаровски за Вардар, но без опасност по домашниот гол
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА (0-0)
25′ – Нафрлање од левата страна од слободен удар од Бојку, Муслиу се обиде со глава од само неколку метри но домашните расчистуваат
БЕЛАСИЦА – АК. ПАНДЕВ (0-0)
23′ – По обидот на Сашко Пандев, топката до Миловановиќ кој од прва шутира од околу 12 метри но лошо покрај голот на Беласица
- Ниту еден гол по првите 20 минути на сите четири натпревари од 2. коло во ПМФЛ
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА (0-0)
20′ – Нова шанса за „лавовите“, но Захов брани по обидот на Кировски
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА (0-0)
17′ – Продор на Тантуровски по десната страна, осамен од 16 метри но шутира лошо над голот на гостите
ШКУПИ – ПОБЕДА (0-0)
11′ – Шут на Баже Илијоски од 18 метри, но покрај десниот дирек од голот на Победа
БЕЛАСИЦА – АК. ПАНДЕВ (0-0)
10′ – Одлично Илиев нафрли пред голот на Беласица, Дориев со глава ја зафати топката но крај голот на Вујанац
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА (0-0)
8′ – Прва шанса за Македонија ЃП. Нафрлување од слободен удар од левата страна а Кировски со глава но брани Костадин Захов
- 7′ – Мирен почеток на сите четири натпревари, без посериозни шанси на дуелите во Тетово, Скопје и Струмица
ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 2. КОЛО ВО ПМФЛ…
- Познати составите и за дуелот меѓу Македонија ЃП и Шкендија во Скопје…
- Познати составите за пресметката меѓу Ренова и Вардар во Тетово…
======================================================================================
Второ коло од новата сезона 2018/2019 во македонската Прва лига. Четири натпревари од денашната програма во која фокусот е кон Ѓорче Петров каде гостува Шкендија и дуелот меѓу Ренова и Вардар во Тетово.
Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА