Прва победа на Скопје во ракометната Супер-лига

Во ракометната Супер-лига веќе нема екипи без триумф откако Скопје го доби денешниот дуел со Радовиш со резултат 27-23, за прва радост на избраниците на Андријана Будимир во елитното македонско ракометно друштво.

Откако претрпеа порази на претходните 13 натпревари, домашните ракометари влегоа максимално мотивирани во денешното „дерби на дното“, успевајќи да дојдат до посакуваниот резултат. Радовиш имаше водство од 11-12 по првото полувреме, но како пресудни се покажаа последните пет минути во кои Скопје одигра фуриозно во нападот, не прими гол во последните три минути и заслужено стигна до победата.

Александар Василевски со десет погодоци беше најефикасен во победничкиот состав, додека кај Радовиш прв стрелец беше Постолов со седум постигнати гола.

Се вчитува...