Прва победа за Плишкова на ВТА финалето, Андреску предаде поради повреда

Каролина Плишкова без многу борба дојде до првата пооеда во „пурпурната“ група на ВТА финалето во Шенжен. Таа го доби дуелот од вторто коло откако Бјанка Андреску поради повреда го предаде мечот. Плишкова го доби првиот сет со 6-3, а потоа Канаѓанката реши да се повлече поради повредата која ја доби во текот на воведниот сет. Таа имаше медицинска интервенција, го заврши сетот, но потоа веќе не беше во состојба да продолжи да игра.

Претходно во оваа конкуренција, Елина Свитолина обезбеди место во полуфиналето, а победата на Плишкова ја исфрла сигурно на првото место на крајот од групниот сегмент. Плишкова и Халеп в петок во меѓусебен дуел ќе решаваат за втората позиција.

 

 

 

 

 

Се вчитува...