Прва радост за Исланѓаните во Мец

mec baner

По двата порази од Шпанија и од Словенија, следени со ремито против Тунис, дојде ред Исланд да ја забележи и првата победа на овој светски шампионат. Против кој друг ако не против Ангола (32-19), тоталниот аутсајдер во групата Б, селекцијата што и овој како и претходните три средби ги загуби уште во првото полувреме.

Исланд ја презеде тоталната контрола над случувањата на теренот уште од самиот почеток, па по девет минути игра поведе со 7-3. Потоа избраниците на селекторот Свеирсон фуриозно го завршија полувремето и на одмор заминаа со предност од 16-8. Свесни дека победата им е осигурана, Исланѓаните потоа се опуштија во вторите 30 минути, па на моменти Ангола дури и делуваше како подобра селекција на теренот. Сепак, африканскиот состав немаше сили ниту посериозно да се приближи, па Исланд рутински го доби овој натпревар со конечни тринаесет гола разлика.

Гудјон Валур Сигурдсон со осум гола го одигра својот најдобар меч досега на мундијалот, додека Гунарсон постигна седум, а Елисон шест погодоци, додека голманот Густавсон го заврши натпреварот со 12 погодоци.

Исланд и покрај победата нема осигурано пласман во осминафиналето, бидејќи Тунис во последното коло ќе игра со Ангоола, па Исланѓаните ќе мора да слават в четврток над Македонија доколку сакаат да бидат дел од нокаут-фазата.

Се вчитува...