Прва радост за Милан, Бреша падна на „Сан Сиро“

Милан со многу мака успеа да стигне до цел плен на дуелот со Бреша, совладувајќи го новиот прволигаш со минимални 1-0.

„Росонерите“ по поразот од Удинезе ниту вечерва не се прикажаа во премногу добро издание кога станува збор за играта, но сепак за три бода доволен им беше голот на Чалханоглу постигнат по центаршутот на Сусо. Бреша доминираше во поголемиот дел од второто полувреме, за „росонерите“ да влезат во посакуваниот ритам само во последните десет минути.

Милан можеше да стигне и до поубедлива победа доколку Пјонтек или Кесие реализираа барем една од двете стопроцентни шанси во кои се најдоа, додека обидот на Пакета заврши во дирекот.

Се вчитува...