Прва радост за одбојкарките на Медитеранските игри

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија ја забележа првата победа на Медитеранските игри откако на теренот во Таранто славеше над Алжир со 3-1.

Нашите одбојкарки доминираа во првиот сет добивајќи го со преубедливи 25-10, по што неочекувано вториот сет мина во неизвесна битка и триумф на противничките од минимални 25-27.

Македонија набрзина се консолидираше, во третиот сет триумфираше со 25-14, за да ја запечати победата со рутинска игра во четвртиот сет (25-20).

Андротеа Милевска беше најдобра во македонскиот табор и на овој меч освојувајќи 21 поен, пред Атанасова со 15 и Стојкоска со 14 освоени поени.

Се вчитува...