Прва радост за Пелистер во плејофот

Ракометарите на Пелистер во рамките од петтото коло стигнаа до првата победа во плејофот, оставајќи го зад себе кризниот период со денешниот триумф над Охрид со 32-29.

Битолчани почнаа во грч, а охридскиот состав знаеше како да го искористи тоа и во раната фаза од натпреварот поведе со 6-10. „Пелистерци“ успеаја уште во првото полувреме да се стабилизираат и да стигнат до израмнување, па на одмор се замина со резултат 14-14. По израмнетите десетина минути игра од вториот дел, „зелено-белите“ го зададоа првиот удар, поведоа со 25-22, потоа и до 30-24, по што рутински го приведоа мечот до крај.

Чуриќ со девет гола беше главен адут на Пелистер при денешниот триумф, Орјоникидзе постигна шест погодоци, а Чантурија пет, додека во таборот на Охрид најефикасен беше Кобетиќ со девет гола.

Се вчитува...