Прва радост за Рафа Бенитез, Славен Билиќ е пред отказ

Њукасл неочекувано лесно и убедливо славеше нозеа дуелот со Вест хем, за прва премиерлигашка победа на „црно-белите“ сезонава под водство на Рафа Бенитез. Домаќините апсолутно ги заслужија трите бода откако доминираа во голем дел од натпреварот, постигнувајќи три погодоци преку Хозелу, Кларк и Митровиќ. За разлика од радоста на домаќините, кај гостите владее огромно разочарување откако Вест хем и покрај сериозните инвестиции во играчкиот кадар во третото коло го претрпе и третиот пораз, па јасно е зошто Славен Билиќ сега е прв фаворит за стратег кој прв ќе добие отказ во новата сезона.

Веднаш крај него е Франк де Бур, откако холандскиот стручњак со Кристал палас исто така по три одиграни кола нема освоено ниту еден единствен бод. Палас денеска повтоно загуби на домашен терен од просечен ривал, откако по Хадерсфилд од Лондон со три бода си заминаа и фудбалерите на Свонси, триумфирајќи со 0-2 со погодоците на Абрахам и на Ајув.

Хадерсфилд ремизираше 0-0 пред своите гледачи со Саутемптон, а идентичен беше резултатот и на дуелот меѓу Ватфорд и Брајтон, на кој домаќините повеќе од едно полувреме играа со фудбалер помалку по црвениот картон на Бритос.

All Goals & highlights – Crystal Palace 0-2… by goalsarena2017

Се вчитува...