Прва жртва на ГН на Саудиска Арабија: Шумахер се заби во ѕидот (ФОТО)

Квалификациите за ГН на Саудиска Арабија тргнаа бурно со елиминација на Луис Хамилтон уште во првиот квалификациски круг, а вториот ја донесе и првата жртва на уличната трка во арапската држава откако во во ѕидот се заби Мик Шумахер.

Германецот се обиде да „украде“ неколку секунди на тесниот свиок, но заврши во оградата, а самата слика од неговиот болид укажува на тоа со каква брзина се удри во ѕидот. Сепак инцидентот заврши добро и возачот на Хас не помина со поголема повреда, потврдија од Хас.

Се вчитува...