Првата голема добивка од Дијамант освоена од редовен играч

Денес, 25.10.2017, просториите на Државна лотарија на Македонија ги посети Ѓурѓа Ѓорѓиева, која е наш редовен играч и најчест добитник на премии и поголеми добивки. Денес нашата среќна добитничка ни го донесе првиот инстант лоз Дијамант со еден дијамант и пет прстени и со вкупна добивка од 150.000 денари.

Лозот го купила на среќното место во струмичкото село Ново Село, на првиот ден откако лозот Дијамант пристигнал на продажното место. Како редовен Лото играч таа до сега нема поголеми добивки во оваа игра на среќа, но затао на инстант лотаријата на Државна лотарија на Македонија од 2014-та наваму, на различни лозови освои автомобил Голф 7, парична премија од 1.000.000 денари и неколку пати по 100.000 и 60.000 денари.Нејзиниот рецепт за среќа во инстант лотаријата е редовното секојдневно купување лозови поттикнато од силната верба во сопствената среќа.

Dijamant loz -150 000Вербата во среќата очигледно не ја изневери до сега, а што се потврдува и со првата голема добивка на најновиот инстант лоз Дијамант, која падна токму во нејзини раце

Нашата добтиничка која најчесто ја посетува  благајната на Државна лотарија на Македонија им порачува на сите да веруваат во својата среќа и да не пропуштаат ситните пари да ги вложат во можности за добивки.Инстант лозот Дијамант нуди 15 добивки од по 300.000 денари, 20 добивки од по 150.000 денари, 25 добивки од по 50.000 денари и бројни други парични добивки. Начинот на дознавање на добивката е интересен, бидејќи лозот содржи десет игри со до десет можности за добивка. Најголема возбуда се внесува со потрагата по прстенот кој носи еднокртатна добивка и дијамантот кој доколку го пронајдете меѓу другите симболи, добивката ви се удвојува.Дијамант е најновиот член на семејството на инстант лотаријата кој го пласиравме пред неполна недела и веќе носи многу возбудливи и интересни приказни.Ѓурѓа Ѓорѓиева денес го посети и среќното место на плоштад Македонија каде се одвива Мецесот на среќата од каде ги поздрави сит еиграчи на игрите на среќа, а што ќе се емитува во вечерашното издание на ТВ емисијата со извлекување од играта на среќа НовоЛото 7/34.

Ве покануваме да ја запознаете, преку вечерашното ТВ емитување на ТВ Сител, од  20:00.

Среќата почнува од вербата во неа.

ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ЗА ДОБРО !    

Комерцијален текст

Се вчитува...