Првата лига под истрага: Комесарот се сомнева во резултатите од 30.коло

Првата фудбалска лига под скенер. Комисијата за натпреварување се сомнева во резултатите од последното 30.коло и поднесе пријава до Одделот за интегритет при ФФМ за детално разгледување на мечевите. Доколку постојат основани сомнежи, тогаш со можното лажирање на резултатите ќе се занимава и Министерството за внатрешни работи, поточно Одделот за економски криминал.

„Комисијата за натпреварување поднесе пријава до Одделот за интегритет при ФФМ да бидат дополнително разгледани сите натпревари од изминатото 30.коло во Првата фудбалска лига. Постои сомнеж во веродостојноста на резултатите и овој Оддел ќе треба да постапува по пријавата. Доколку има евентуална потврда, тогаш целиот случај треба да биде доставен и до Министерството за внатрешни работи“, вели за ЕКИПА, комесарот на натпревари, Васко Дојчиновски.

Беласица изненадувачки го совлада шампионот Шкендија во Струмица со 2-1, а Победа славеше со 1-2 против Работнички во Скопје.

Се вчитува...