Првата понуда за Енис Барди доаѓа од Англија?

Енис Барди може да почне да преговара со други клубови, со оглед дека договорот со Леванте му истекува на крајот од сезоната. Затоа сите заинтересирани страни може да почнат преговори за ангажман на идната сезона, но и од оваа доколку се договорат со Леванте за обесштетување.

Според информациите од Англија, екипата на Фулам е првата која ќе испрати понуда за ангажман на македонскиот репрезентативец. Фулам во моментов е второпласирана во Чемпионшип, и има амбиции да се врати во Премиерлигата. Но, нивниот „кам-бек“ во најсилната лига е неизвесен со оглед дека не бегаат многу од останатите конкуренти. Фулам во моментов е втор со 48 бодови, Бурнмут прв има бод повеќе, а Блекбурн на третото место има два бода помалку од Фулам.

Фулам е екипа која уште од сега сака да направи екипа која без проблеми ќе го обезбеди останувањето во Премиер-лигата идната сезона. Токму од тука уште од сега крои план за засилувања, иако тимот има уште пат за да се пласира во „елитата“ на Англија.

Се вчитува...