Првата ракометна лига се дели во две групи

Првата машка ракометна лига во следната сезона ќе брои 16 екипи и поради големиот број на учесници ќе се игра во две групи. На денешката Годишна конференција на ракометните клубови беа утврдени измените во системот на натпреварување. Прифатен е предлогот натпреварите да се играат во две групи со по шсим екипи. Во регуларниот дел ќе се играат 14 кола, после кои првите четири екипи од двете групи продолжуваат во нова плеј-оф група во која ќе се борат за пласман во Супер лигата и за бараж. Другите осум екипи ќе играат во плеј-аут лигата и ќе се борат за опстанок.

Нови прволигаши од следната сезона се Астраион, ЦЕМС, Академија Младост, Македонија Ѓорче Петров и Работнички, а во прволигашката конкуренција во однос на лани ќе ги нема Делчево Вардар и Спартак.

Новата сезона во Првата ракометна лига почнува на 8/9 септември.

Група 1:

Преспа, ЦЕМС, Тиквеш, Академија Младост, Рудар, Металург Ракометна Академија, Работнички, Партизан

Прво коло:

Металург РА – Рудар
Работнички – Партизан
Цемс – Преспа
Тиквеш –  Академија Младост

Група 2: 

Астраион, Риниа, Металург Јуниор, Текстилец, Вардар Неготино, Куманово, Македонија ЃП, Младост Богданци

Прво коло:

Младост – Текстилец
Вардар Неготино – Куманово
Металург Јуниор – Риниа
Македонија ЃП – Астраион

Се вчитува...