Првата жена што ја покори НБА лигата (ФОТО)

Џени Бас влезе во историјата во неделата кога нејзините Лос Анџелес Лејкерс ја освоија 17. титула. Таа беше на теренот заедно со играчите и го крена „трофејот Лери О’Брајан“. Бас ги презеде „лејкерс“ во 2017 година и стана првата жена претеседателка на тим кој станал НБА шампион.

Кошаркарската федерација на Америка формирана во 1946 година и Националната кошаркарска лига три години подоцна се обединија формирајќи ја НВА. Поминаа повеќе од 70 години без жена како главен соспственик освојувач на трофејот.

Џени Бас го презеде контролирачкиот пакет над „Лејкерс“ во 2017 година по правна битка со нејзините браќа. Семејниот фонд на фамилијата Бас е сопственик на Лос Анџелес Лејкерс, а Џени е на позицијата претеседателка. Нејзиниот татко освои 10 НБА титули како сопственик на клубот од 1979 се до смртта во 2013 година.

„Како почна, а како се одвива“ – напиша Џени Бас на објавата на социјалните мрежи продеселна со фотграфии од почетоците и од едн во прегратка со Леброн Џејмс.

 

 

 

Се вчитува...