Првата ѕвезда на Баерн го стресе Минхен – Левандовски проговори за напуштање на баварскиот гигант!

Најдобриот фудбалер на денешницата Роберт Левандовски, кој одигра уште една сезона од соништата за Баерн Минхен, ја остави отворена можноста да го напушти германскиот шампион во догледно време.

Полјакот го сруши рекордот на Герд Милер по бројот на голови во една сезона во германскиот шампионат во неодамна завршената сезона, а по шпекулациите дека може да го засили ПСЖ, Роберт даде своја изјава за француски „Канал +“.

Напаѓачот на Баерн изјави дека се чувствува добро во Минхен. Тој овде е член од 2014 година, а за медиумите призна дека е желен да запознае нов јазик и култура, поради што ја остави отворена можноста кариерата да ја продолжи во друг клуб. Левандовски е во Баерн веќе седум години, а ако на тоа се додадат и настапите за Борусија Дортмунд, пресметката покажува дека тој е во Германија повеќе од една деценија.

Левандовски има 33 години и се’ уште може да понуди многу во фудбалот, а неговиот агент Пини Захави е подготвен да направи уште еден голем трансфер за најдобриот фудбалер на светот. Од друга страна, Баерн, со кој Левандовски има договор до 2023 година, неодамна отфрли било каква шанса дека следното лето може да остане без својот клучен играч.

Се вчитува...