Првата ѕвезда на Јувентус на излезна врата – Роналдо не зборува и не тренира со соиграчите

Кристијано Роналдо најверојатно ќе си замине од Јувентус, ѕвездата веќе подолго време не е во добри односи со соиграчите, кои не сакаат да ги слушаат неговите совети, ниту сакаат да му дозволат да се однесува авторитативно, така што тој нема комуникација со мнозинството затоа што се игнорираат едни со други.

Таквата атмосфера во клубот може да биде и главната причина за слабите резултати на Јувентус оваа сезона. Покрај тоа, по поразот од Милан, Кристијано не тренираше со тимот, туку отиде со еден од лидерите на клубот, Лап Елкан, внук на Џани Ањели и сопственик на Ферари, за да избере нов модел на тој производител на автомобили.

Локалните медиуми наведуваат дека Португалецот е тотално незаинтересиран за настаните во клубот, иако има уште три кола до крајот на сезоната, што е нетипично за него бидејќи тој е голем професионалец. Сепак, се очекува тој да ги игра сите натпревари до крајот, вклучително и вечерва против Сасуоло. Очигледно, Јувентус нема да освои учество во Лигата на шампионите, а Роналдо не размислува да игра во Лигата на Европа, ниту пак на клубот му одговара што Португалецот го плаќа по 30 милиони по сезона. Ваквиот развој на настаните и целокупната ситуација во која се наоѓа „Старата дама“, упатува на се поочигледна разделба меѓу Роналдо и Јуве.

Не е познато каде Роналдо ќе ја продолжи кариерата, но тој неодамна изрази желба да се врати во Манчестер Јунајтед, додека француските медиуми наведуваат дека Нејмар лобира со управата на Пари Сен Жермен да го донесе во нивниот клуб затоа што тој би сакал да игра заедно со Португалецот.

Се вчитува...