Првенец на Алиоски, Лидс продолжува да „меле“ во Чемпионшип

Лидс Јунајтед е на прагот на нова победа во Чемпионшип-дивизија откако поведе со 0-2 на гостувањето против Стоук, а меѓу најзаслужните за ваквиот исход е Езгјан Алиоски.

Македонскиот репрезентативец доби шанса во стартниот тим, и тоа на крилната позиција и веднаш остави свој печат на мечот, постигнувајќи го голот за водство од 0-2. Бамфорд умешно додаде кон петерецот, а Алиоски одлично втрча и од непосредна близина го матираше домашниот голман.

Се вчитува...