Првенец за Икарди во Франција, ПСЖ лесно со Анжер

Францускиот шампион ПСЖ дојде до лесна победа од 4-0 против Анжер во 9. коло од Лига 1.

ПСЖ до предност дојде со голот на Сарабиа во 13. минута, а Мауро Икарди зголеми на 2-0 во 37. минута постигнувајќи го својот прв гол во Лига 1 по доаѓањето во дресот на најдобриот францускиот клуб.

На 3-0 зголеми Сенегалецот Идрису Геје во 58. минута од натпреварот, а конечните 4-0 беа дело на Нејмар во 90. минута.

Се вчитува...