Први победи за Ефес и Баерн Минхен во Евролигата

Бранителот на трофејот во Евролигата, Ефес стигна до првата победа во новата сезона на Евролигата откако на домашен терен славеше над Уникс со 71-68 благодарение на добрата игра во последната четвртина во која турскиот состав надокнади негатива од шест поени.

Предводници на турскиот состав беа Бобуа и Брајант со по 14 поени на кои додадоа три, односно четири скока, додека Браун и Кенан го предводеа Русите со по 16 поени на кои додадоа пет, односно четири скока.

Драмата во главниот град на Литванија заврши со среќен крај за Баерн Минхен кој во натпревар кој траеше повеќе од два часа славеше над Жалгирис со 73-75. Германскиот состав имаше двоцифрена негатива на полувремето, но успеа да ја надокнади истата во третата четвртина, а потоа во финишот и да одолее на налетот на домаќините.

Лекавичиус со 17 поени, 3 скока и 3 асистенции беше предводник на Жалгирис, а до првиот триумф во сезоната минхенскиот клуб го предводеше Владимир Лучиќ со 17 поени и 4 скока.

Се вчитува...