Први проблеми пред Грузија: Повреда на Адеми, неизвесен за настап во Тбилиси!?

Првите проблеми за македонската репрезентација пред историскиот натпревар за пласман на Европското првенство кој на 12. ноември не очекува во Тбилиси, Грузија. Аријан Адеми заработи повреда на задната ложа пред почетокот на денешниот натпревар на Динамо Загреб со Истра во хрватскиот шампионат поради што не го стартуваше мечот.

Адеми се повреди на загревање па не можеше да го почне натпреварот. Се очекуваат наредниве денови детални прегледи по што ќе биде познато дали ќе може да се стави на располагање на селекторот Игор Ангеловски за натпреварот во четврток против Грузијците.

Според најавите, Адеми сигурно ќе допатува во Скопје на собирот на репрезентацијата по што ќе биде одлучено дали ќе биде подготвен за Грузија.

Се вчитува...