Ракометарките на Вардар се закитија со трофејот во новоформираната регионална лига, во која покрај „црвено-црните“ учествуваат уште и Будуќност, Подравка и Крим. За разлика од вчерашните тренинг-полуфиналиња, денешното финале донесе вистинска битка, а „вардарки“ успеаја да излезат од неа како победник, и тоа против секогаш незгодниот Будуќност.
И двете тима криеја дел од адутите за претстојниот фајналфор во Будимпешта, а токму тоа е следниот предизвик за „црвено-црните“, по трите полуфинални разочарувања конечно да атакувааат и на врвот на Европа во женскиот ракомет.
[new_royalslider id=”610″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА