Првиот човек на Ла Лига: Нема шанси Левандовски да дојде во Барселона!

Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас во последното интервју за „Марка“ зборуваше за Барселона и можните трансфери во летниот преоден рок.

Реал Мадрид се чини се повеќе се оддалечува од Килијан Мбапе, додека Барселона се обидува да го доведе Роберт Левандовски како слободен играч.

Барселона беше во големи финансиски проблеми, но ново-старата управа успеа да ги стабилизира работите. Чави бара нови играчи на лето, а најмногу напаѓачи. Решението го најде во Роберт Левандовски кој си заминува од Баерн, а Барса му е многу примамлива. Тимот од Каталонија на 33-годишниот му нуди десет милиони евра по сезона за три години, но Тебас смета дека тоа е невозможно.

„Со оглед на моменталната финансиска состојба на Барселона и буџетот за плати, не гледам можност како тие имаат намера да го реализираат тоа. Тие ја спомнаа продажбата на Барса Естудиос и некои други работи кои би го закрпиле нивниот буџет, но засега ништо. Математиката е многу едноставна. Не можете да имате повеќе од 500 милиони евра минус последните две сезони, а потоа некому да му понудите таков договор. Во моментов нема шанси да биде реализиран овој трансфер“, рече Тебас.

Се вчитува...