Комисионерот на НБА лигата, Адам Силвер на настан на НБА лигата во Оклахома говореше и за новото натпреварување на европско тло, НБА Европа кое ги подели ставовите на европската кошаркарска јавност.
Силвер потврди дека реализацијата на проектот нема да биде за месеци, туку за години и се очекува натпреварувањето да биде подготвено за почеток во исто време како Олимписките игри во 2028 година.
„Прерано е во процесот за да можам да дадам одредено време во моментот. Ќе започне за неколку години, ќе биде тоа огромен потфат. Сакаме да одиме напред во одредено темпо, но во исто време да ги запазиме и сите акционери, средбите со Евролигата, тимовите, европските кошаркари, медиумите, маркетинг партнерите… Ни преостанува уште многу работа“, изјави Силвер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА