Првиот човек на Панатинаикос лут: Евролигата е циркус!

Кошаркарите на Партизан го победија синоќа тимот на Панатиниакос после продолжение со 92-87. И покрај тоа што имаа негатива од 10 поени, на крајот „црвено-белите“ од Белград успеаја да дојдат до реми, а потоа во продолженијата да го совладаат противникот на општа радост на домашните навивачи.

Првиот човек на грчскиот тим, Димитрис Јанакопулос често привлекува внимание поради своите бурни реакции, а така беше и синоќа каде што после поразот во Белград искажа големо незадоволство од судењето.

„Колку и Арапи и нафтени долари да доведат во лигата, со вакво ниво на судење ниту една сериозна компанија нема да вложува и да го става своето име во ваков циркус“, напиша Јанакопулос на социјалните мрежи.

Тој своето незадоволство од судењето го поткрепи и со снимки од мечот.

Се вчитува...