Првиот човек на ПСЖ решен да донесе нов тренер со кој ќе ја освои ЛШ

После продолжувањето на договорот на Килијан Мбапе, ПСЖ не застанува кон желбата да дојде до највредниот трофеј во Лигата на шампионите. Токму од тука тимот од Париз посакува да донесе тренер со кој ќе дојде до тој успех, а сопственикот Насер Ал-Келафи има само една желба.

На аргентинскиот тренер Маурисио Покетино веројатно му се одбројани деновите, откако не успеа да дојде до финалниот меч во ЛШ, а апетитите на челниците на клубот пораснаа до толку што самиот Ал-Келаифи оди на преговори со екс тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан. Легендарниот француски тренер е без работа откако минатата сезона го напушти тимот на Реал Мадрид, а веќе неколку пати се поврзува со клупата на ПСЖ.

 Првиот човек на клубот е одлучен да го донесе на клупата, а најавено е дека ќе се сретнат во Париз, непосредно пред финалето во ЛШ кое е на програмата утре. Зидан со Франција освои СП 1998 година, а во досегашната тренерска кариера го водеше само Реал Мадрид, а во пет години три пати го подигна пехарот во Лигата на шампионите, а два пати го подигна трофејот во Ла Лига.

Се вчитува...