Првиот македонски спортист кој заболе од Covid-19 експресно ја победи болеста: Изаир Емини негативен на коронавирус

Македонскиот фудбалски интернационалец Изаир Емини експресно го победи вирусот Covid-19. Тој само пет дена откако беше позитивен на тестирањето на Covid-19 пред стартот на тренинзите во косовскиот тим Дрита, направи втор тест на кој има негативни резултати. Ова значи дека Емини експресно го победи коронавирусот и по одреден период ќе може да им се врати на тренинзите.

„Сакам да се заблагодарам на сите кои ми дававте поддршка во овој период, секогаш ќе бидам благодарен за тоа. Пред два дена имав уште еден тест кој се покажа како негативен. Ви благодарам уште еднаш на сите и бог да ве чува“, напиша Изаир Емини на социјалните мрежи.

Тој на 20 мај беше тестиран пред стартот на тренинзите на косовскиот клуб Дрита Гњилане и имаше позитивен тест на коронавирус. Сепак, многу брзо ја надмина болеста.

Се вчитува...