Првиот натпревар во ЛШ, ни го донесе веројатно и промашувањето на сезоната! (ВИДЕО)

Со натпреварите меѓу Севилја и Салцбург и Јанг Бојс – Манчестер јунајтед вчера стартуваше новото издание на Лигата на шампионите. Веќе на првиот меч кој се играше во Севилја, фудбалерот на Салцбург Умар Соле веројатно го има и промашувањето на сезоната.

Младиот француски стопер по корнер се најде сам пред празната мрежа на Севилја. Тој во стоперски манир со цела сила се обиде да распали по топката што доведе до неверојатно промашување.

 

Се вчитува...