Првиот ривал на Вардар во ЛШ со засилување од Барса

Поранешниот европски првак Монпелје донесе големо засилување за наредната сезона потпишувајќи договор со Жилберто Дуарте. Португалскиот лев бек ја мина ланската сезона во дресот на Барселона, но реши летово да си замине од каталонскиот гигант и кариерата да ја продолжи во Франција.

Доленец и Фабрегас ми кажаа убави работи за Монпелје, што дефинитивно влијаеја врз мојата одлука. Јасно е какво реноме има Монпелје во европскиот ракомет, пред две сезони оваа екипа стана европски првак, а моја желба е веќе сезонава повторно да играм на фајналфор турнирот во Келн“ – истакна Дуарте при потписот на договорот со новиот клуб.

Токму Монпелје ќе биде прв ривал на Вардар во новата сезона од Лигата на шампионите, натпревар што ќе се игра на теренот на францускиот вицепрвак во периодот од 11 до 15 септември.

Се вчитува...