Првиот собир на ракометарите без Раул и Парондо

Македонската ракометна репрезентација денеска ги стартува подготовките за СП 2019 во Германија и Данска, но на првиот собир нема да бидат присутни селекторот Раул Гонзалес и неговиот прв асистент Роберто Парондо. Двајцата Шпанци побарале и им било дозволено да дојдат со еден ден задоцнување, за да го прослават Божиќ со своите семејства пред да дојдат во Скопје и да се фатат за работа со македонскиот национален тим.

Раул и Парондо ќе пристигнат во текот на утрешниот ден, селекторот ќе го предводи тренингот што е закажан за утре вечер. Тоа е договорено од претходно, да го минат божиќниот ручек со семејствата, па да дојдат во Македонија. Програмата е така составена што првите тренинзи секако ќе се работи на физичката подготвеност, а за тоа задолжен е Кристијан Кајчевски“ – изјави директорот на македонската репрезентација, Милчо Чакарески.

Капитенот Кире Лазаров ќе ги предводи ракометари на првиот собир, а од сите репрезентативци кои се најдоа на скратениот список на Раул Гонзалес ќе доцни единствено Филип Талески, кој ќе се приклучи по одигрувањето на дерби-дуелот во Бундес-лигата меѓу Рајн-Некар Левен и Кил. Филип Лазаров исто така нема да биде присутен на денешниот тренинг, но левиот бек од утре ќе се приклучи на тренинзите на репрезентацијата.

Се вчитува...