Првиот тренер не се заборава: Барди ја победи Барселона и го нагости Бедри Салиу

Македонскиот репрезентативец Енис Барди имаше фантастичен меч против Барселона синоќа во Ла Лига, постигна два гола против каталонскиот гигант, нанесувајќи им го првиот пораз на избраниците на Ернесто Валверде во шампионатот. Но, Барди и сега кога е веќе меѓу ѕвездите на шпанскиот фудбал, не заборава на своите почетоци. Го покани на гости во Валенсија својот прв тренер од Шкупи, Бедри Салиу.

Емотивниот момент го снимија и камерите на шпанските медиуми…

Се вчитува...