Првиот тренинг со 15 фудбалери, Барди стигнува последен

Селекторот Игор Ангеловски ќе има на располагање 15 фудбалери за денешниот прв тренинг со кој ќе биде означен стартот на подготовките за дуелот со Косово во полуфиналето од Лигата на Нации.

Последен во Скопје пристигнува Енис Барди, чие доаѓање е најавено за вечерва. Оние кои пристигнаа синоќа беа тестирани и доколку се негативни на Covid-19 од утре наутро ќе му бидат на располагање на стручниот штаб. Одлична вест за „црвено-жолтите“ е што капитенот Горан Пандев пристигна во Скопје и ќе биде од огромна помош за овој историски натпревар.

Отсуството на Елиф Елмас е сериозен хендикеп, но останатите делуваат решено да дадат се од себе за да го надополнат неиграњето на асот на Наполи и да стигнат до значајна победа над Косово, меч што е на програмата в четврток со почеток во 20.45 часот.

Се вчитува...