Првиот вистински тест за Академија Пандев: На гости кај Шкендија!

По вчерашните три натпревари од 3. коло во Првата македонска лига денеска на програмата е уште еден дуел, оној меѓу Шкендија и Академија Пандев во Тетово.

Тетовци завршија со настапите на европската сцена, по елиминацијата од Милан, па сега комплетно своите мисли ги насочуваат кон домашниот шампионат. Двете претходни победи го водат кон желбата и денеска од 16:30 часот да продолжат во ритамот на освојување три бода.

Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ќатип Османи за дуелот неизвесно е дали ќе може да смета на капитенот Ферхан Хасани, кој се жали од претходно на повреда, а како што е познато веќе на подолго време не може да се смета на Стефан Вујчиќ.

Од друга страна, Академија Пандев по одличниот прволигашки старт сега ја очекува првиот вистински тест во елитата. Мегданот со Шкендија е вистинска можност да се погледне потенцијалот на екипата, која пред почетокот на сезоната најави амбиција за останување во лигата оваа сезона, но факт е дека „академците“ имаат и квалитет и умеење за многу повеќе.

Последниот натпревар од 3. коло во ПМФЛ меѓу Работничи и Вардар е одложен, а терминот за одигрување на истиот ќе биде дополнително одреден.

Се вчитува...