Првите три честитки кои пристигнаа за новата шампионска титула на Вардар се од светската поп-ѕвезда Стинг кој прв го пролонгира денешниот концерт во Скопје поради вербата дека ‘црвено-црните’ ќе играат во големото финале.
„Првата честитка за Вардар лично од Стинг и тоа од бекстејџот буквално една минута по завршувањето на финалето. Го чувавме дресот за крај“ – напишаа од Авалон продукција, домаќинот и организаторот на концертот на Стинг во Македонија.
Честитки пристигнаа и од европските ракометни гиганти Барселона и ПСЖ кои се двата тима кои во годините кога Вардар стигна до европската круна и тоа како ја почуствуваа вардаровата сила.
„Честитки Вардар, Честитки за вашата нова европска титула“ – напишаа од Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА