Првите три засилувања на Евертон чинат вкупно два милиони евра

Евертон по долга потрага конечно доведе нов менаџер во името на Рафа Бенитез, а шпанскиот стратег очигледно не планира да потроши премногу пари на трансфери.

Доказ за тоа се неговите први потези на пазарот, откако Бенитез ги осигура првите три потписи на Евертон за вкупна сума од три милиони евра. Искусниот голман Беговиќ пристигнува како слободен играч од редовите на Борнмут, исто како и плејмејкерот Таунсенд, кој доаѓа на „Гудисон Парк“ по истекот на неговиот договор со Кристал Палас.

Крилниот офанзивец Греј е третото име, за чиј трансфер ќе бидат потрошени два милиони евра. Станува збор за играч на Лестер кој последните месеци ги мина на позајмица во Баер Леверкузен. Во неговиот договор со Лестер има клаузула за раскин од два милиони евра што е валидна до крајот на месецот. Евертон ќе ја искористи ситуацијата и ќе ја активира, а во завршна фаза се преговорите со самиот фудбалер, по што трансферот ќе се реализира во текот на оваа седмица.

Се вчитува...