Прво мастерс-финале за Борна Чориќ, и тоа со скалпот на Федерер

Хрватскиот тенисер Борна Чориќ се пласира во финалето на Мастерс – турнирот во Шангај, откако ја доби полуфиналната пресметка со швајцарскиот ас Роџер Федерер. Ќе биде тоа прво мастерс – финале за Хрватот во кариерата, а ќе игра против Новак Ѓоковиќ.

Чориќ го знае „лекот“ за Федерер. Ова е негова втора последовна победа против Швајцарецот, претходно го совлада и во Хале. Хрватскиот тенисер денеска славеше со 2-0 во сетови.

Тој го доби првиот сет со 6-4 во гемови, а со идентичен резултат успеа да слави и во вториот, комплетирајќи го триумфот против Роџер Федерер, кој од утре ќе падне на третата позиција на АТП – листата.

Се вчитува...