ПРВО ПОЛУВРЕМЕ: Вардар води во Штип, Тиквеш им ја „мати водата“ на стружани, Брера на Шкендија!

Вардар има предност од 0-1 на гостувањето во Штип на дуелот против Брегалница во 30. коло од Првата македонска фудбалска лига.

И за двата тима ова е натпревар „да се биде или не“ во битката за опстанокот.

Во повеќе од значајниот натпревар и за двата тима, „црвено-црните“ поведоа уште во 8. минута со голот на хрватскиот интернационалец Шушњара.

Шкендија игра повеќе од важен меч во битката за титулата против АП Брера на домашен терен. Но, Ивковиќ во 16. минута успеа да ги шокира домашните.

Одличен контранапад на Брера и мајсторска акција на Зоран Андонов по левата страна, а Ивковиќ одлично го искористи нафрлувањето на Андонов за од непосредна близина да погоди за 0-1 на полувремето за струмичани.

Вистински евро-гол на поранешниот македонски репрезентативец Даниел Мојсов за водство од 1-0 на Тиквеш против Струга ТЛ по првите 45 минути.

На останатите три дуели по првите 45 минути нема погодоци.

ПРВА ЛИГА – 30. КОЛО (прво полувреме)
Кавадарци: ТИКВЕШ – СТРУГА ТЛ 1-0
Мојсов 32′
Тетово: ШКЕНДИЈА – АП БРЕРА 0-1
Ивковиќ 16′
Гостивар: ГОСТИВАР – ШКУПИ 0-0
Кратово: СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 0-0
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ВОСКА 0-0
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ВАРДАР 0-1
Шушњара 8′

Се вчитува...