Прво шоу на Мурињо: Мислев дека играч на Бетис лежи мртов пред мене, пеналот на Мбапе мораше да биде повторен

Еден пораз беше сосема доволен за Жозе Мурињо да се врати на старите навики и причините за неуспесите да ги бара секаде, освен во своите редови.

Реал загуби со 1-0 на гостувањето против Бетис во меч во кој Мбапе промаши пенал во судиското продолжение, исход што „кралевите“ според својот тренер воопшто не го заслужиле.

„Да бидам искрен, не знам како загубивме. Во одбраната бевме одлични, ја контролиравме играта, во нападот создадовме шанси…. И тоа не беше доволно. Честитки до Бетис за освоениот џек-пот на лотарија, Играа за бод, а добија џек-топ. Ние ќе бевме незадоволни и ако завршеше нерешено, замислете како се чувствуваме сега“, почна Мурињо.

„Моите фудбалери некогаш се наивни, имаше толку стартови врз нив кои се за чист жолт картон, но тие остануваа на нозе, па не добиваа ниту слободен удар. На спротивната страна, играчите на Бетис толку многу се вртеа по теренот по секој допир, што издејствуваа ние да добиваме картони. И јас добив картон, зошто? не знам. Имаше еден играч на Бетис што лежеше како да е мртов пред нашата клупа. Мислев дека е мртов, дека чекаме брза помош да го однесе. Сите бевме исфрустрирани на крајот, толку многу чудни ситуации“, додаде „специјалниот“.

Тој не крие дека е незадоволен и од одлуката на главниот судија одбранетиот пенал на Мбапе да биде повторно изведен иако еден од противничките фудбалери прерано влезе во шеснаесетникот.

„Некогаш гледаме фудбалски меч како да сме слепи. Сите видоа што се случи, сите видоа дека треба да има ново изведување на пеналот, но тоа не се случи. Зошто“, истакна португалскиот стратг на клупата на Реал Мадрид.

Се вчитува...